Фото РК Вардар
Далечната 1980 год. за многумина на овие наши простори, ќе остане запаметена по смртта на една маркантна историска фигура, Тито, но и по премиерата на вториот дел од сега веќе легендарната сага Војна на Ѕвездите, Imperija uzvraca udarac, како што гласеше во “оригинал”.
За мене тие два настани длабоко врежани во меморијата и двата во жанрот Научна Фантазија.
Минатата седмица, службено отсатен, но за среќа, не така далеку, Загреб, со привилегија да ги изгледам Загреб и Кил. Некако исплашен од формата на Пелистер, се задскрив во Арена Загреб во живо сепак да го почуствувам духот на Лигата на Шампиони. Од Пелистер очекував повеќе, а од Загреб, бев шокиран. Билети бесплатни, арена преполовена, а и таа активната половина непополнета. Деца и родители и тек таму некој сладокусец, навивачи едвам пеесетина. Нејсе, во атмосфера на корпоративен викенд, Загреб ги покажа сите свои недостатоци.
Неделата требаше да ме врати во реалниот ракометен свет во кој живееме десетина па можеби и повеќе, години. Кафани, дресови, тензија, темпо, интензитет и за мое огромно задоволство, одличен ракомет. Се игра дерби, Вардар Пелистер !
Недостатоците на системот во кој живееме на секој чекор. Паркинг нема оти некој решил пиволенд да организира, војска и полиција мислиш на руско украински фронт сме. Редица за карти оти системот за читање бар кодови не работи, една легенда вели дека никогаш и не работел, светлосното шоу, промашено, најавата на играчите, траги комична.
Но било како било, повеќе од јасно е дека овде, како што вели еден од моите омилени Македонски стенд ап артисти Никола, во Југоисточна европа, на западниот Балкан во северо источниот дел на југот од главниот град на Северна… ништо повеќе не е нормално. Па ништо веќе и неможе да не изненади.
Почетокот на натпреварот со така барем велат емотивен говор, оти безмалку никој и не го чу, вечниот мецена на Вардар, Михајловски им оддаде почит на две ултимативни Македонски ракометни легенди. Министерот за Одбрана Борко Ристовски и нашата Икона Столе Стоилов.
Изненадувањето продолжуваше со спорадичниот аплауз од клупата на зелените, секоја чест на неколку наши легенди, но очигледно останатите беа паднати од Марс. Но така е, шампионите беа дојдени по победа.
Имајќи ги в предвид сите патриотски препреки од режимот, срцата ни ги стопли Андријана со две изворни Македонски, па шоуто можеше да почне во добро расположение.
За некој кој еден извесен период се занимава со особена старст со Македонскиот ракомет, со акценти на Металург, Вардар и Пелистер, со едноставна споредба би можел вака да раскажам што гледавме.
Вардар, кој игра како во времето на Парондо, смирено, стрпливо, без позначајни ѕвезди, со однапред подготвен секој напад и жестоко во одбрана, а при тоа без исклучување. Го иземам исклучувањето на крилото поради играње со нога се разбира. Воден од клупата од еден смирен и сигурен во својата екипа, тренер. Во таков сооднос на паркетот, квалитетот на голманите испливува на површина, Томовски ги зави во црно, зелено белите!
Пелистер, кој игра како во времето на Агрономот, конфузно, брзоплето, пресамоуверено, со огромен број на измени, три голмани со скоро никаков ефект. Присутна нервоза на клупата, која ја збогатуваат скапо платените ѕвезди.
Костески за Радивојевиќ е Абало, се слушаше од трибините.
Во пошироката слика бев воодушевен од влијанието во играта на Македонците, па така на полувреме од 12 постигнати голови, за Пелистер, 11 беа од Македонска рака. Костески и Кузмановски бриљираа, им се приклучи и Танковски, свој придонес имаа и Пешевски, Кизиќ и секако едно од најсрчените момчиња Атанасијевиќ.
Од другата пак Црвено Црна чета водена од првиот Македонски Самурај, ги издвојувам, Томовски веќе споменат, Мечка Лазаревски кој игра како никогаш досега, Јагуриновски и железните во одбрана Мишевски и Аларов.
Јужно Европскиот Вардар, во кој доминираа Македонските и Српските надежи, предводени од Првиот Македонски Самурај на теренот и од Иконата во дијаметрално спротивно издание од она што го паметиме, на клупата, го извозеа натпреварот ко Макси Верстапен изминативе сезони. Полна гас од прв до последен круг ! Обединетите бои на Бенетон се обидуваа, стигнуваа но никако не можеа до дојдат во DRS зоната.
Вардар 30 Пелистер 25, или како што би рекле умерените, разликата преголема во однос на квалитетот.
За Само Ракомет од Скопје, градот кој се повеќе заличува на Исламабад, Виктор Христоски.