Вторникот го донесе најголемиот предизвик за Македонија, ама во фудбалот. Црвено жолтите, рисовите, се судрија со еден од светските гиганти, Португалија. Заслужено изгубивме, но никого не оставивме рамнодушни. Зборувам за тезата, спортот е најголемиот амбасадор.
Во сенката на тој настан, битолчани заминаа во Нашице, мало место во Славонија, Хрватска. Градот со помалку од 9000 жители, е еден од синонимите за хрватскиот ракомет.
Да биде натпреварот уште поинтересен се погрижија двете екипи кои во предвечерието на ова соочување во домашните првенства ги победија своите ноќни мори, Вардар и Загреб.
Емотивно пред се исцрпени, двете екипи не играа на нивото на кое знаат. Посебно Пелистер, но битолчани имаа ангел чувар на голот. Ликот за кој навистина ќе жалам.
Ако ги погледнеме статистичките категории, екипите безмалку изедначени, јас знам дека ЕХФ лошо ги брои техничките грешки и загубените топки, па вака би резимирал. Пелистер изгуби многу топки, но Секељи бранеше скоро се. Конечната разлика е изразена во количината на промашени пенали, вкупно 3.
Она ште не фунционираше беа бековите, но она што ми го исполни срцето беа крилата, Ојлески и Костески беа на 100%.
Ако во воведот нагласивме дека салата и публиката нема да бидат никаков фактор, не би сакал да сум во кожата на ќерамидџиите во вторник.
Иако битолчани со умот повеќе кон домашната титула, верувам дека Младост, сегашна Боро Чурлевски, вторник ќе гори.
На 5 ти, кај да си во Битола да си, Битолските пролетни утра знаат да бидат со минусни температури а јас очекувам Нексе да се разбуди на -5!