Странци или не, инвестиција или црна дупка?

Фото РК Еурофарм Пелистер

Вечната дилема за странците во македонскиот ракомет, повторно ме измачуваше, на враќање од Битола.

Во ден, празник на ракометот во Битола пристигна европскиот првак и еден од најдобрите ракометни колективи на планетава во последните години, СЦ Магдебург. Тим кој руши стереотипи, градени со децении и тим кој дава надеж на секое момче кое сонува ракометна кариера.

На паркетот истрчаа со погледи кон трибините. А таму ние сведочевме на манифестација на современ и модерен ракомет. Да, за жал иако резултатот не го потврдува тоа, стануваше збор за демонстрација на сила и комплетна контрола на текот на натпреварот и резултатот.

Така играат големите, и што би рекол Горан Ѓоргоновски поранешниот ракометар, повремен репрезентативец, маркетинг менаџер и основач на проектот Ракомет за секое дете, колумнист без школо за новинари, “И многу посилни тимови го положиле оружјето пред овој Магдебург!”

А као “играме” ние ?

Во минутите кога на сите им беше јасно дека Магдебург не може да се добие, на терен го видовме и со овации го поздрави публиката Самоил Ристевски, прекратко се разбира. За жал, верувам и никогаш нема да се надомести, на теренот не ги видовме, браќата Атанасијевиќ, момчиња во кои се крсти и Битола и Македонија, не го видовме Мирче Калајџиески, момче кое само пред година ја водеше Македонија во победа на една велесила Франција, од истата таа селекција и екстарталентот голманот Давид Брестовац доби шанса на капка.

Зошто овие “бесплатни” сесии по модерен и врвен ракомет не знаеме да ги искористиме???

Доаѓам до првиот дел од насловот. Во Македонија во тимовите од Супер лигата според мојата статистика, не можев да ја потврдам од сигурен извор, има вкупно 57 странски ракометари. Само Пролет и Радовиш немаат странец. Значи останатите десет имаат по безмалку 6 странци! Или уште побрутално, ако денешниот ростер е 16 играчи, значи дека “три ипол” тимови во Македонија се странски а само “осум ипол” македонски.

И Магдебург е колонија на странци, е првата реакција. Но таа колонија чини “eight figures” носи титули, гази се пред себе и има 5 младински селекции со преку 200 деца и развоен тим во третата германска лига.

Вардар донесе две титули, лудило и ракометна хистерија во Македонија, но не создаде ниту еден играч. Во денешната селекција на ракометни репрезентативци од тој период единствено Марко Кизиќ може да го поврземе.

Прашањето е поставено, одговор долго бараме, што е повредно и што е поскапо. Колку чини Пинто а колку Стојановски, колку чини Тајник а колку Калајџиевски?

Прашањето мора да биде јасно и гласно, зошто Македонија одделува милиони денари за поддршка на ракометот. Дали тоа е чист одлив или јасна стратегија, дали сакаме децата да ги однесеме в сала да тренираат и да градат здрави навики или да лечиме комплекси, дали сакаме да создаваме или да конзумираме, дали платите на Марчињак и Видомски се вкалклулирани како увоз на знаење и искуство или како пропадната инвестиција?

Дали бројката од 1750 регистрирани ракометари е погубна или фантастична? Дали во Македонија во моментов има лев бек, македонец кој сите клубови го бараат?

Дали е време за изработка на Национална стратегија за развој на ракометот во наредните 15-20 години?

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...