Формациско ремек-дело на Лазаров за нов триумф над шампионот
Со еден ракометен пријател, пред дербито во Автокоманда, имав дискусија околу важноста на натпреварот. Стоев на ставот и уште сум на истиот дека, имајќи предвид дека е октомври и „нивата е долга за орање“, ова беше натпревар кој од различни аспекти е значаен за двете екипи, а резултатот како статистика и освојување на бодови е […]
Македонскиот ракомет како светла точка на „полето на натпревар меѓу народите“

На денот кога Македонија беше поделена помеѓу крлеуша и КАЛИОПИ, има(в)ме победнички старт на македонските ракометни претставници во третото по квалитет натпреварување во Европа. Во исто време, на две ракометни локации, екипи, кај кои клубските бои, во делот на сетилно брендирање, даваат доверба, сигурност и сила, направија позитивен резултат по првите натпревари од Европскиот куп […]
Враќање во реалноста и ПР „гимнастики“ како најава на убав ракометен викенд
„Големите македонски спортски брендови го обелија образот во ракометна Европа“… ….. Се истрчав малку пред некој ден, како прле пред магаре, после краткиот ракометен блесок на двата ракометни брендови во Европа и уште пократкото враќање во реалноста, каде едните си продолжија по старо, а оние другите уште еднаш „им покажаа“ на своите следбеници дека овој […]
Овие деца заслужуваат внимание!

Македонската ракометна репрезентација, 2004 и помали, дефинитивно е една од најуспешните млади Македонски ракометни генерации во историјата. Некако тивко, без многу помпа, започнаа од Б дивизијата и се вивнаа во топ 10 селекции во Европа и во Светот. Освоена Б дивизија без пораз, освоено 9 то место на светското кадетско, со еден несреќен или незаслужен […]
Големите македонски спортски брендови го обелија образот во ракометна Европа – за посилна Македонија на СП!
Во ракометна Европа Вардар го совлада Валур, а Пелистер ремизираше со Спортинг. Но, она што, барем за мене, е исклучително важно, е фактот што Митревски, Кузмановски, Пешевски, па и Кузманоски и јунакот од средбата со Спортинг, Атанасиевиќ, (иако ростерите им се ( пре)полни со странски соиграчи), токму Македонците го „водат орото“ во Битола. Во истиот […]
„Двократниот“ се врати во игра, Шампионот ја продлабочи кризата
Фото: РК Вардар 1961 / Денис Дуковски Дерби. И тоа на „вечните“, што би рекле на „северот“. Натпревар кој нималку не е лесно да се игра. Особено ако сте во ситуација кога „мора да се добие“ истиот. А и на нас, кои пост-фактум, анализираме и се обидуваме на хартија да ставиме неколку реченици за тоа […]
ДРАМА(ТА) ВО КАВАДАРЦИ ИМ ДАДЕ ВИДЛИВОСТ НА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ГРК ТИКВЕШ
Идентично како и минатата сезона, уште во првото коло но со обратен редослед на одигрување на натпреварите дома/гости, кавадаречки Тиквеш, испадна од Европскиот куп, најслабо по ранг европско натпреварување. Грчка Драма, по победата дома со резултат 27:31, во Кавадарци успеа да го издржи притисокот и со резултат кој ги однесе понатаму (26:26), ќе го продолжи […]
РАКОМЕТНИОТ ПРИНЦ ОД БЕРЛИН ВЕЧЕРВА ЌЕ „ТАНЦУВА“ ВО БИТОЛА
Минатата недела стартуваше елитното или најелитното ракометно натпреварување. Систем на натпревари каде е самиот крем од клупскиот ракомет, шеснаесет екипи, поделени во две групи. Екипи кои (нај)високо котираат во најсилните лиги во светот. Меѓу нив, и оваа година, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, со непријатно искуство во резултатска смисла од минатата сезона, но и задача, оваа […]
АЛКАЛОИД ФИЗИЧКИ И ТАКТИЧКИ ГО „ПРЕПЛИВА„ ВАРДАР ЗА ТРИУМФ ВО ДЕРБИТО НА КОЛОТО
Празничен викенд во Македонија, во Скопје, кое иако е и повеќе од полу испразнето, подготвено е за првото локално дерби, во најпопуларниот спорт во државата. Летен септември и до вчера нетипично високи температури, кои дополнително се подигаа со гостување на „двократниот“ во Автокоманда, кај забревтаниот Алкалоид, тим кој по вторпат за неколку месеци, како на […]
„Жесток шамар“ за битолчани, транзицијата и Брус Ли го „спакуваа“ трофејот за Автокоманда
Македонскиот клупски ракомет имаше супер најава на претстојната сезона синоќа во Гевгелија и покажа дека е највитален на овие простори, нудејќи неизвесност и солиден квалитет, солиден број на екипи во борба за трофеите, но и за излез во Европа. Во натпревар на шампионот на државата и освојувачот на Купот на Македонија, како предвесник на претстојната […]