Македонската ракометна репрезентација, 2004 и помали, дефинитивно е една од најуспешните млади Македонски ракометни генерации во историјата.
Некако тивко, без многу помпа, започнаа од Б дивизијата и се вивнаа во топ 10 селекции во Европа и во Светот.
Освоена Б дивизија без пораз, освоено 9 то место на светското кадетско, со еден несреќен или незаслужен пораз од Норвешка и круна, освоено 9 то место со само еден пораз од Франција, на која и се реванширавме и ја победивме во битката за пласман, на последното европско младинско.
Во состав без ниту една во наводници ѕвезда, во кој сите се сметаат за еднакви, водени од извонредниот тандем на клупата, Стојановиќ-Ангеловски, со одлична поддршка од легендата на кондициски припреми Јанакиевски и тренерот на голмани кој работи со екипа од Лигата на Шампиони, Соколески, овој тим го очекува последното за нив младинско првенство, Светското У21 во Полска следната година.
Поддршката од РФМ е клучна за оваа мисија, па тие секое лето се собираат на Маврово, а секоја ЕХФ недела со нетрпение ја очекуваа за повторно да заиграат заедно.
Повикавме неколкумина,со задоволство ја прифатија поканата, па се обидовме да дознаеме нешто повеќе за нив и за нивните соништа.
Погледнете…