Фото РК Алкалоид
Забелешките на место, без школо за новинари толку.
Рака на срце, школо имам завршено и тоа поприлично, а во духот на потребите на современиот ракомет, иако немав објавено, запишан сум и на Т-АЈМ, и засега според мислењето на предавачите сум на добар пат.
Доста за авторот!
ЈУЛИ
Јули исклучително мирен, па се навраќам на Јуни. Настан кој сериозно го потресе ракометниот свет, со акцент на Црвено Црниот дел од Македонија.
20.јуни 2025
Деновиве Скопје повторно се тресе. За среќа овојпат ракометно. На прес конференцијата одржана во Јане Сандански, сопственикот Михајловски го претстави новиот тренер, една од современите легенди, херојот на Вардар од 2017 та, Иван Чупиќ.
АВГУСТ
Традиционално новата ракометна сезона се највавува на турнирите
27.август 2025
Што мене, но и на татко ми (83 годишен спортски фанатик, од кого ја наследив страста за спортот) ни недостасуваше. На стариот мој ТВ преноси !!! Разочарано ми рече, Биваше ниедна утакмица од Струга и Охрид да нема на телевизија??? Просто не знаев што да му одговорам.
СЕПТЕМВРИ
Септември е веќе поинаква приказна. Просто наплив на настани и доживувања, подкасти, осврти, евидентно е дека на сите ни недостасуваше ракометот.
11.септември 2025
Ако по утрото денот се познава, тогаш најавата, во две насоки (квалитетна и неизвесна супер лига и силни македонски екипи во Европа), за оваа сезона била на место и оправдана.
23.септември 2025
Четирите кандидати за (нај)висок пласман меѓу себе ги вкрстија копјата и, според резултатите уште еднаш го потврдија општото мнение дека оваа сезона ќе биде и сериозно квалитетна, но и максимално израмнета. Викенд, од кој Вардар излезе како победник, по многу основи.
ОКТОМВРИ
Мојот омилен месец ми донесе доста тага…
2.октомври 2025
Во повеќе наврати се чуствувам понижено и беспомошно. Секогаш за тоа се виновни институциите на таканаречениот систем од администрација. Луѓе кои градат кариери, создаваат империи и се нарекуваат политичка елита.
16.октомври 2025
Илија Темелковски Ико или Икиќ, остави зад себе неизбришлива трага. Неговиот импакт во македонскиот ракомет долго ќе се чувствува.
НОЕМВРИ
Многу неодгатнати загатки се крие во овој наш Македонски менталитет. Селекторот кога се занимава со него често е дочекан на нож, но сепак…
10.ноември 2025
Елче и Бурмут, Нотингем и Хетафе, Копенхаген и Бодо Глимт… сите тие се погледани од Вардар Алаклоид.
11.ноември 2025
Ќе ни треба „малиот“ во Јануари во Данска!
ДЕКЕМВРИ
Некои работи се појасни, па и анализата и коментарите по филозофски
2.декември 2025
Една поговорка вели: тоа што сам можеш да си го направиш, ни душман не може!
16.декември 2025
Дали е фрлена клетва на тренерското столче?
Ја испраќаме оваа ракометна 2025 та со желба следната да биде уште поуспешна, повозбудлива, почесна, побогата.
За крај …
Настанот број 1, освојувањето на ЕХФ Купот од страна на нашиот РК Алкалоид и мојот осврт, на кој особено сум горд
30.мај 2025
Поминаа пет дена. Не, не од последниот работен ден на службениците во ЕХФ, туку од последниот обид некој од нив да се јави и да објасни што точно се случува со финалето на ЕХФ Купот. Пет дена тишина. Пет дена молк, длабок како да се изгубил сигналот над Атлантикот. И затоа, простете ми на аналогијата, ама искрено се чувствувам како патник во авион од култниот филм „Има ли пилот во авионот?“ – само што овој пат никој не се обидува да го спаси летот. А и да сака – нема кому да се обрати. Кабината е празна.
