EVERYTHING IS CRAZY… 

Фото РК Вардар

Со овие зборови тренерот на Пелистер го започна својот говор на тајмаутот во второто полувреме од финалниот натпревар за Купот на Македонија против Вардар!

Чувството да се биде во сала, да се доживее атмосферата, да се почувствува енергијата од двете навивачки страни, просто незаменливо.

Натпревар во сала и натпревар на ТВ, два различни светови.

Впечатокот од целокупниот викенд, безмалку многу добар. Присутни беа многу важни ликови за македонскиот ракомет, организацијата солидна, безбедносно пред се, без никакви недостатоци, така треба впрочем секогаш да биде. Публика безмалку доволно, но сепак мене ми недостасуваат повеќе маркетиншки активности.

Имено, сем внатре во салата, на никое друго место низ градот немаше никаква активност. Билборди, информативни точки, мини настани и работилници за промоција на ракометот, делење на летоци и фан зони, сето тоа просто непостои. Штета, а може и знам дека не е скапо, треба само идеја и волја…

Охрид беше домаќин на атлетската манифестација Охрид Трчат, но ниту тука немаше обид за симбиоза и обид да се спојат двата настани, викендот да биде моќна спортска демонстрација на можностите на Охрид и Македонија.

Ќе ја искористам приликава да го промовирам мојот предлог за формат за куп натпреварите од сезоната 2026/2027.

За да купот едноставно има смисла и да биде натпреварување во кое малите би можеле да ги победат големите потребни се коренити промени. Од сегашниот несреќен модел со куп турнири кој апсолутно ги фаворизира големите да прејдеме на модел од англиските фудбалски првенства, имено, таму дури и нисколигашите можат да изненадат. Па така предлагам модел, во кој се игра секој со секого без фаворизирање, по еден натпревар на теренот на послабо рангираниот противник, се додека не останат 4 екипи, па тогаш да дојдеме до Ф4 викендот, кој предлагам да се игра секоја година во Охрид, како дестинација која нуди повеќе од само следење ракомет, но и како дестинација многу блиска до изворите на ракометните таленти, пред се Струга, Ресен, Охрид, Битола, Прилеп и Кавадарци. Ние Скопјаните и сите други посекако едвај чекаме да отидеме еден викенд во Охрид.

Предлагам да се измисли и парична награда за освојувачот на купот, но и некоја друга привилегија, се со цел да се крене мотивираноста за освојување на оваа титула. Не дека екипите кои ќе стигнат дотука не се мотивирани, но на пример во првиот полуфинален дуел, имав впечаток како да се калкулира со императивот победа!?

Да се вратам малку в сала, одличната атмосфера во финалето пред се благодарение на Битолчани. Дојдени навреме, завиткани со шалови, дресови и одличен ритам, за разлика од скопјаните кои не беа во толкав број и не беа доволно гласни, но сепак одлично парираа. Освен репертоарот со еротска реторика се друго беше фантастично. Вистински спектакл!

Ракометно видовме безмалку се, евро голови, асистенции кои сеуште никој не ги брои, одлични голмански минијатури, измени на ритам, тренерско надмудрување, солидно судење и бура на емоции на крајот.

Кај црвено црните за освојување на титула, било каква, која годиниве недостасуваше, кај зелените, кај нив малку чудна агресивност кон своите.

Во очекување на последните неколку исклучително важни и неизвесни натпревари, се радувам на објавите од ГРК Охрид за сериозни засилувања.

Да живее Македонија и Македонскиот ракомет !

Кон штотуку завршениот Ф4 Куп викенд во кој учествуваа Алкалоид, Вардар, Охрид и Пелистер, а победник беше Вардар.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...