Да фрлиме поглед на денешниот натпревар од еден поинаков агол. Кој доби а кој изгуби, со оглед на нерешениот резултат на крајот на натпреварот.
Прво големата слика!
Македонскиот ракомет добива неизвесност, силни натпревари во кој македонските играчи ќе стекнуваат искуство и можност за натпревар, а публиката ќе ужива 60 минуту во врвни и неизвесни пресметки.
За жал од македонските играчи денеска видовме малку. Гледано од ракурсот на македонската ракометна репрезентација, кај Вардар, Талески во прилично солидно издание. Томовски не доби шанса, но тој пак игра одлично во ЛШ, Мишевски неподготвен и толку. Кај Пелистер, Велковски на ниво на Талески ако не и подобар. Кизиќ и Костески не добија шанса, Маџовски одличен дефанзивно, Марковски чинам недоволно искористен. Танковски подрака со Мишевски.
Битолската перспектива!
Битола покажа дека може да организира натпревар со голема тежина, притоа да ги освои симпатиите со добрата организација. Тие ги освоија симпатиите и со хуманата акција на полувремето, но и со перфектно оргнизираното гостување на гостинските навивачи. Битола заслужува сериозен ракометен дом, влог за сегашноста и за иднината на битолскиот и македонскиот ракомет.
Еурофарм Пелистер!
Впечатокот поделен, лесно движеа кон пораз, но беа на прагот на победата. Тимски делуваа недоволно подготвени, а клупата се јави на почетокот на второто полувреме. Ако впечатокот дека со Спортинг со ремито загубија бод ни беше точен, овојпат чинам дека освоија бод!
Вардар 1961!
Михајло, чекаше доволно долго за да види дали неговата екипа е подготвена за уште една титула. Одважно се прости со Вујо мајсторе и сега е време за вистински потези. Вардар освои бод, не само математички туку и емотивно, тоа го покажа екипата по радоста на крајот.
Честитки, за Битола, за Пелистер, за Вардар за Џоле и Славе кои покажаа дека се врвна класа, за Недановски кој мртов ладен си ја донесе екипата до посакуваната цел, честитки за сите !
Да живее македонскиот ракомет !