ТИКВЕШ НЕМОЌЕН ПРОТИВ ВИСОКАТА ЗОНА НА АЛКАЛОИД, ОХРИД ПРОДОЛЖУВА ДА ГО СОНУВА ШАМПИОНСКИОТ СОН

Триумф на Алкалоид, четврти во меѓусебните дуели во тековното првенство, овој пат на гостински терен во Кавадарци, е епилогот од натпреварот кој требаше да даде одговор на прашањето, дали Тиквеш ќе продолжи да сонува учество во Европа следната година.

Уметникот, Мечката и Пантерот му го земаа „скалпот“ на Шампионот, ќе дочека ли „двократниот“ киск на Битолчани?

Што се однеусва до атмосферата, ако во Автокоманда „мирисаше“ на освојување титули, пред „Јане Сандански“, а и внатре, се наликуваше на (нај)убавите години, кога Вардар „ја стави Европа под нозе“, младо и старо, машко и женско, на нозе се кренало, да го бодри „двократниот“, да го бодри последниот бастион на МАКЕДОНШТИНАТА, барем за нас, кои живееме тука, во Скопје. Одлична посетеност (за работен ден) од вистински вљубеници во брендот Вардар, кој нешто порано тој ден објави соработка со големиот ракометен бренд Кемпа, кој препозна одлична база на навивачи, следбеници, препозна можеби враќање на Вардар на големата сцена, со свои математики за поддршка на истиот.

БРАНЧЕ НЕ ДОЗВОЛИ „БРКАНИЦА“ ВО АВТОКОМАНДА, ПЕЛИСТЕР „НА ТИВКО“ ЈА „ПЕЧЕШЕ“ ПОБЕДАТА ПРОТИВ АЛКАЛОИД!

„Свирката на Бранче“ се слушаше во Автокоманда секогаш кога имаше навестување дека се спрема некаква „јурњава“ по теренот, знак дека треба да се смири играта и постави тоа што е договорено. А богами видовме дека популарниот Бранче, каков што го знаеме од времето кога уште играше, не спиел многу периодов и добро ги „вооружил“ со тактички детали своите играчи.

ТИКВЕШ ПРИЈАТЕЛСКИ ГО НАМАЧИ ШАМПИОНОТ. „ГЕРМАНЦИТЕ“ ВО САЛА,  СУДИИТЕ НА ТАПЕТ

Фото: gol.mk Во сенка или во исчекување на неделното дерби, ден порано во Кавадарци, се одигра уште еден важен натпревар, каде домаќинот го пречека шампионот Пелистер. Со мојот пријател Виктор бевме на лице место, и од аспект на атмосферата која ја затекнавме и „инцидентот“ со црните маички за Аир Струга, може да прочитате во неговата […]

Може ли ракометен натпревар да биде Настан?

Фото ГРК Тиквеш Одговорот на ова прашање, го барам низ годиниве наназад. Сведочев на историски моменти, сонувам за нови. Но, постојано со еден прашалник, може ли ракометот да прерасне во сериозен играч во светот на забавата. Да, кратко и јасно, иако недостасуваат еден куп фактори. На пример, сабота попладне, дерби во Кавадарци, гостува двократен европски […]

Голот на Пранди, чекорите на Џим и уште некоја контроверза ! ПАСИВНА на САМО РАКОМЕТ

Многу прашина се крена по натпреварот Франција Шведска. Судии нашите Македонци, Славе и Џоле. Едни од најдобрите ракометни судиски парови на планетава Земја. Имаше ли грешки, дали правилата треба да еволуираат и уште многу интересни ракометни теми…

Конечно, Плеј ОФ !

Многу дилеми имав околу употребата на терминот. Пробав на Google Translate, побарав во Македонскиот дигитален речник и се чини дека сме го присвоиле терминот. Па така на страната ДИГИТАЛЕН РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК стои Вид збор: Именка, машки род Натпревар или серија натпревари меѓу два или повеѓе тима за да се избере најдобриот. Англиски: Play-off Употреба: […]

РАСТЕМЕ …

Фото РФМ Голем камен ни падна од срцето на сите. Некои веруваа, некои не, некои песимисти, некои оптимисти. Верувам нема искрен Македонец кој синоќа не беше пресреќен по победата на ракометарите. Одигравме убав натпревар, борбен, машки. Видовме жар, страст, желба за победа, самодоверба. Имавме неколку исклучителни поединци, но најважно од се делувавме како Тим. Имаше […]

Втор пораз за Македонците на европското првенство

Фото РФМ Во навивањето, а тоа добрите навивачи ќе Ви го признаат, освен победа се друго е неуспех. Постојат ситуации кога нерешен резултат може да биде доволен, кога и пораз под одредена гол разлика значи напредок, но за вистинскиот навивач секогаш само победа го исполнува срцето. Македонските спортски колективи, клубски и национални, со децении не […]

Започна европското првенство во ракомет

Фото РФМ Во еден навистина несекојдневен амбиент, на фудбалски стадион, започна европското првенство. Честа да ја отворат оваа смотра имаа втората колонијајна сила на сите времиња, Франција и одважната а пренапатена, мала, Македонија. Европската ракометна федерација се бори, се надевам, да го пронајде вистинското место на Ракометот на светската спортска мапа. Повлекува потези, понекогаш во […]