Без добар наслов, за ракометните кадети …

Фото РФМ Во Црна Гора, се одржува европското првенство во ракомет за играчи до 18 години. За жал, ЕХФ, во својата кусогледост, заборава дека развојот на играчите почнува многу порано, па натпревари за помлади категории не е способна да организира. ШТЕТА. Морам да признаам дека оваа генерација, или прецизно генерација 2006 та и помлади, не […]

ЗАВРШИ ЕП ЗА М20 ВО СЛОВЕНИЈА: МАКЕДОНИЈА ПОКАЖА КОНСТАНТНОСТ, СПЛОТЕНОСТ И КВАЛИТЕТ

Македонија не отстапи од системот промовиран од Стојановиќ како прв тренер и Ангеловски како негов помошник. Систем на агресивна и длабока зона, која бара исклучително вискоко ниво на физичка подготовка, но и уште повиско ниво на спортска интелегенција кај играчите кои треба да го имплементираат истиот. Систем на железна дисциплина во нападот, тактички поставен до […]

Во Словенија пративме деца, ни се вратија Јунаци!

Импресивна е листата на ракометни гиганти кои гледаат в грб на оваа нова Македонска генерација, непокорни момци, предводена од две легенди, двајца стратези, страствени љубители и неверојатни познавачи на ракометот. Ќе ги набројам по редоследот зад нас, Франција, Хрватска, Унгарија, Србија, Полска, Словенија… Брестовац, Галевски, Белистојаноски, Субашевски, Стојановски Марио, Даневски, Ристевски, Карасманакис, Михајловиќ, Митев, Стојановски […]

Некои ќе напаѓаат, некои ќе се гордеат со ВАС, главата горе момци Македонци!

Како беше преставена Македонија?
Како и лани во Хрватска, и повеќе од солидно, пред се во однос на пристапот кој овие момци (сите топтан) го имаат кон дресот со националните бои, борбата и желбата за себе промовирање но и промовирање на државата Македонија. Но, и ракометно, каде настапивме со генерација која не даваше сигнали за големи дела, генерација која во многу наликува на онаа од ’98, технички добро „поткована“ и дисциплинирана. Дали можеше подобро? Секако, дури и до медал. Теза која, можеби, ќе се потврди со игрите на некоја селекција на ова ЕП во главната рунда.

ТИМОТ покажа карактер и победнички менталитет, Шуле ја победи генетиката и предрасудите како порака за децата кои доаѓаат

Фабрика ракометари слична на онаа од крај најуоно езеро, која за разлика од таа Хрватската, оваа нашата работи во  мааалку полоши услови. Но и фабрика за која никој,  до ден денес нема логично објаснување како функционира и како постојано и постојано „произведува“ нови играчи. Играчи од типот на вчерашниот МВП на натпреварот.

Точно на пладне, М20 ја стартува мисијата

Оваа некогаш потценета група лавови, денеска го игра своето второ големо натпреварување. Овие момци, предводени од живите легенди на Македонскиот ракомет, Раде Стојановиќ и Бранко Ангеловски, макотрпно тренираа безмалку месец и се подготвуваа за настап

Младинците во јули на Европско!

Со Раде Стојановиќ, во прекрасното Маврово, во кое за жал во моментов не работи ниту еден капацитет, разговаравме за текот на подготовките за претстојното Европско У20 првенство.

АЛКАЛОИД ГО “ПРЕПЛИВА” НАДМЕНИОТ И НЕРВОЗЕН ВАРДАР, ДОБИВАЈЌИ КРИЛЈА СО КОИ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО “ПРЕЛЕТА” РАКОМЕТНО СУПЕР-ВИСОКИОТ ПЕЛИСТЕР

АЛКАЛОИД ГО “ПРЕПЛИВА” НАДМЕНИОТ И НЕРВОЗЕН ВАРДАР, ДОБИВАЈЌИ КРИЛЈА СО КОИ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО “ПРЕЛЕТА” РАКОМЕТНО СУПЕР-ВИСОКИОТ ПЕЛИСТЕР

БРЗИ, СИЛНИ и БЕСНИ, или како Кралот одговори на предизвикот

Има еден настан кој мора да се одбележи. Во еден момент, кога во континиутет бевме незадоволни од судењето на Турците, од кои нескриено сите очекувавме малку ветар в едра, кон нив полета импровизирана топка изработена од згужвано знаменце, дел од одличниот декор в салата. Серафимов појде кон него и го подигна од подот, и кога на момент се исплашивме дека ќе го однесе до судиите, незнам зошто воопшто таква мисла ни пролета, тој го отвори го испегла и го бакна Македонското знаме! Знаевме тогаш, овие деца се дојдени овде да победат !!!

Македонија го возврати ударот и се пласира на СП

Вистинско уживање беше да се биде вчера во преполниот „Борис“, чувствувајќи ја поддршката на публиката, гледајќи ја мама Ангелина, како горда мајка, рони солзи радосници на трибини, додека нејзиниот Марко ја решети мрежата на противникот, да се види како Мечка отпоздравува во стилот на Че Гевара, кон своите родители, после исполнување на ветувањето дека „ќе изгинам на терен и ќе победиме“ или радоста на Мајка Данче, која дава двајца свои синови во националниот тим, прогласувајќи ја вечерта за „една од најсреќните“ во својот живот. Кога го нема Ненад, нема проблем, тука е Никола, има чичко Војне од Струга јунаци кои знаат гордо и достоинствено да го носат црвено-жолтиот дрес на Македонија.