Денеска точно на пладне една мала група, Македонски синови, во Словенија ја стартуваат мисијата Европско Ракометно првенство за играчи до 20 години.
Оваа некогаш потценета група лавови, денеска го игра своето второ големо натпреварување. Овие момци, предводени од живите легенди на Македонскиот ракомет, Раде Стојановиќ и Бранко Ангеловски, макотрпно тренираа безмалку месец и се подготвуваа за настап. Со нив беше, а веќе не е, под неразјаснети околности, еден од најдобрите Македонски кондициски тренери Златко Јанакиевски. Да се потсетиме, бандава лани беше 9 та во свет во својата старосна категорија.
Во група сме со Црна Гора, Хрватска и Австрија, балканска група, група која доколку не беше паранормалниот систем на натпревари на ЕХФ, досега не виден, најверојатно само сонуван од некој бирократ, ќе ја миневме без проблем. Да не создавам притисок, овие момци злато вредат.
Имаме страшна концентрација на талент. Динамично дуо на голот, Брестовац Галевски, крила од супер лигата, Белистојановски, Субашевски, Стојановски, пикери горостаси, Карасманакис, Ристески, Михајловиќ, бекови модерни, борбени, Димковски, Калајџиевски, Шулевски, Узунчев, Стојановски, Димевски, Митев… одлична група. На огромно жалење дозвола за настап не доби еден од огромните таленти на десно крило и најдобар стрелец на минатата смотра Петковски.
Момци, нека фортуната биде на Ваша страна, гинете, тепајте се, борете се, пејте ја химната на Македонија на цел глас.
Што и да се случи, Вие сте нашите херои !
За жал ниту една ТВ куќа не е доблесна да се занимава со Македонската иднина, па лавовиве ќе мора да ги гледаме на ЕХФ ТВ стриминг платформата. Не се обесхрабрувајте, лесен е пристапот
https://ehftv.com/handball-live-stream/mens-20-ehf-euro/mne-vs-mkd/34942