ТИКВЕШ НЕМОЌЕН ПРОТИВ ВИСОКАТА ЗОНА НА АЛКАЛОИД, ОХРИД ПРОДОЛЖУВА ДА ГО СОНУВА ШАМПИОНСКИОТ СОН
Триумф на Алкалоид, четврти во меѓусебните дуели во тековното првенство, овој пат на гостински терен во Кавадарци, е епилогот од натпреварот кој требаше да даде одговор на прашањето, дали Тиквеш ќе продолжи да сонува учество во Европа следната година.
Уметникот, Мечката и Пантерот му го земаа „скалпот“ на Шампионот, ќе дочека ли „двократниот“ киск на Битолчани?
Што се однеусва до атмосферата, ако во Автокоманда „мирисаше“ на освојување титули, пред „Јане Сандански“, а и внатре, се наликуваше на (нај)убавите години, кога Вардар „ја стави Европа под нозе“, младо и старо, машко и женско, на нозе се кренало, да го бодри „двократниот“, да го бодри последниот бастион на МАКЕДОНШТИНАТА, барем за нас, кои живееме тука, во Скопје. Одлична посетеност (за работен ден) од вистински вљубеници во брендот Вардар, кој нешто порано тој ден објави соработка со големиот ракометен бренд Кемпа, кој препозна одлична база на навивачи, следбеници, препозна можеби враќање на Вардар на големата сцена, со свои математики за поддршка на истиот.
БРАНЧЕ НЕ ДОЗВОЛИ „БРКАНИЦА“ ВО АВТОКОМАНДА, ПЕЛИСТЕР „НА ТИВКО“ ЈА „ПЕЧЕШЕ“ ПОБЕДАТА ПРОТИВ АЛКАЛОИД!

„Свирката на Бранче“ се слушаше во Автокоманда секогаш кога имаше навестување дека се спрема некаква „јурњава“ по теренот, знак дека треба да се смири играта и постави тоа што е договорено. А богами видовме дека популарниот Бранче, каков што го знаеме од времето кога уште играше, не спиел многу периодов и добро ги „вооружил“ со тактички детали своите играчи.
Куп на Македонија во Ракомет

Во бескрајниот океан на информации во интернет светот, за Македонскиот ракометен куп, доста оскудни извори.
Каде се екс Вардарците пак?

Фактот дека вкупно 36 ракометари (под претпоставка дека не сум промашил некој) продефилирале низ Јане, во купот не се двократниот освојувач на Лигата на Шампиони, Јања Војводиќ и контроверзниот Оцвирк, во само неколку сезони, плус дваесетината Битолчани, ме фрапира. На таа бројка ако ги додадеме и уште една не така мала група странци во останатите клубови, можеби и ќе стигнеме до СТОТКА !?
ТИКВЕШ ПРИЈАТЕЛСКИ ГО НАМАЧИ ШАМПИОНОТ. „ГЕРМАНЦИТЕ“ ВО САЛА, СУДИИТЕ НА ТАПЕТ

Фото: gol.mk Во сенка или во исчекување на неделното дерби, ден порано во Кавадарци, се одигра уште еден важен натпревар, каде домаќинот го пречека шампионот Пелистер. Со мојот пријател Виктор бевме на лице место, и од аспект на атмосферата која ја затекнавме и „инцидентот“ со црните маички за Аир Струга, може да прочитате во неговата […]
ВАРДАР НА ОСНОВА НА „ТРИТЕ СТОЛБА“ ТРИУМФАЛНО НИЗ АВТОКОМАНДА. ЗАГРИЖУВА СОСТОЈБАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИГРАЧИ ВО ТИМОТ НА СЕЛЕКТОРОТ

Фото: РК Алкалоид / РК Вардар „Враќањето на Џедајот“ во Автокоманда носи нова надеж за Вардарци, дека не е се загубено во битката за титулата. „Џедајот“ со персонификација во македонскиот „самурај“, поддржан од „црниот пантер“ и „големата мечка“ во еден здив ги „изедоа“ децата на Кралот. И сега некој ќе рече, цело време, децата на […]
Николов и Начевски, потребнa е институционална поддршка за судиите

Веќе стана традиција ! Најдобрите Светски ракометни судии, наши гости. Со Славе и Џоле за актуелните состојби во Македонскиот клубски и репрезентативен ракомет, за ЕХФ, за развојот на играта и правилата. Како Македонија да го задржи високото ниво на создавање квалитетни судии. Погледнете …
Треба храброст, треба срце, треба верба …

Фото РК Алкалоид Вака некако звучеше говорот на Лазаров на тајмаутот во Јане, вчера попладне. Ден потоа ги сумираме впечатоците. Почнавме со констатација дека порано се собиравме за Барса, Кил и Веспрем, Флензбург, Киелце и остатокот од европскиот крем. Токму тој, европскиот ниту бил крем ниту имало трошка доблест во него. Нејсе, се собравме за […]
History Repeating

Фото РК Еурофарм Пелистер Во духот на прогнозирањето, а за жал Супер Купот го немавме во понуда, мојата прогноза беше прецизна со минорна грешка од помалку од една минута. Дуелите на Вардар и Пелистер во неколку сезони преставуваат олицетворение на вистинското спортско ривалство. Настрана вечната напнатост на тема Скопје, Битола, Комити или Чкембари, овие два […]
