Куп на Македонија во Ракомет

Во бескрајниот океан на информации во интернет светот, за Македонскиот ракометен куп, доста оскудни извори.

Википедија има една страна, посветено на Ракометниот Куп и во неа се сите основни статистички податоци. За жал кога зборуваме за ракомет и статистика, под се подразбираме, име на клубот година и резултат, и толку !

Ѓаволски тешка ќе биде задачата на секој кој ќе се обиде да создаде статистичка приказна во ракометот, но никогаш не е доцна да се почне. Би сакал оние двене мастодонски организации ИХФ и ЕХФ да се разбудат па да остават простор на некои ентузијасти кои би не вклучиле во модерните текови.

Нејсе, Македонскиот Ракометен Куп, одсекогаш бил шанса за некој мал, од сенка да изненади, да освои некој трофеј и да покаже дека ракомет играат и малите риби. За жал тоа се случило само во три години. Се прашувам зошто е тоа така и дали постои можност нивните шанси да се зголемат.

Бидејќи не успеав да откријам од кога датира актуелниот модел, ќе го земам како репер, таков каков што е!

Во структурата на Куп натпреварувањето, има три фази, прва во која “малите” се чистат меѓу себе, втора во која “големите” ги требат “малите” и трета, да признавам исклучително интересна, таканаречен Финални 4, кога го добиваме освојувачот.

Што ми е поентата? Ако купот треба да биде натпреварување пропратено со неизвесност и изненадувања, можеби треба да го смениме форматот.

Па јас вака би играл: Во еден барабан ги ставаме сите клубови, па извлекуваме, кој каква среќа има, играме на теренот на послабо рангираниот, еден натпревар! Можно е во прво коло да паднат Вардар против Пелистер и еден голем веќе да нема. Можноста “малиот” да дочека “голем” клуб зголемена, да има шанса во еден натпревар да направи чудо, извесна, приликата да ги израдуваме љубителите на ракометот од тој град да видат екипа од Лигата на Шампиони или од Лига Европa бесценета!

Ми делува просто и изводливо.

А до тогаш да уживаме во елиминациите, онакви какви што се!

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...