Фото РФМ
Македонската ракометна федерација го продолжи договорот со крунисаниот крал на ракометот, за наша голема среќа, Македонски крал, Кирил Лазаров, селекторот на Македонската ракометна машка репрезентација, до 2029 та година.
Стратешки потег за кој симнувам шапка. Само со долгорочни и визионерски потези можни се успеси. Веднаш пред очите ми е оној Бено, човекот кој Магдебург го врати на патеките на кои овој клуб бил пред неколку децении.
Потег вреден за поздрав и од временска рамка, во очи на уште едно пеколно тешко натпреварување за Македонија. Одиме на Европско повторно против најдобрите Данска, против најбрзорастечките Португалија и против Романија која со години се мачи да се врати на местото кое го сака а можеби и заслужува, европскиот ракометен крем.
Се навраќам на еден осврт од 2021 та, веднаш по дебаклот на светското првенство во Египет…
Текст во кој со неизмерна радост ја одбележав одлуката Кирил Лазаров да биде нов селектор на Македонија.
Не помина многу време, Кире го имаше своето деби од соништата, во Скопје падна ДАНСКА!
Потоа работите се движеа … во генерално две насоки. Македонија имаше пред себе две задачи, не напишани но повторувани, па нормално станаа наратив.
Првата, смена на генерации, од денешна перспектива завршена во целост, безмалку. И втората, таа дефинитивно комплетирана во целост, континуитетот на настапи на големи првенства не смее да се прекине!
Што на врелите Македонски навивачи им недостасуваше низ годиниве?
Успех се разбира, на прво место, имајќи ги в предвид пласманите: 2022 на Европското бевме 22 ри, зад нас беа само Босна и Украина. 2023 на Светското 27 ми, зад нас останаа Јужна Кореа, Саудиска Арабија, Мароко, Алжир и Уругвај. 17 ти во Германија на Европското 2024, со подобрена крвна слика и екипи од типот на Србија зад нас, и конечно 15 ти во Хрватска на последното светско, кога в грб ни гледаа на пример Шпанија, Австрија, Чешка, Тунис, Полска. А сето ова низ призмата на 2012 та и пречекот во Скопје по освоеното 5 то место во Европа!
Растот е евидентен, спор но евидентен.
Фото ИХФ

И второ, се враќам на Фалангата, ни недостасуваше крв на теренот. Категорија тешко мерлива но јасно детерминирана. Или има или нема!
Категорија исто така многу важна во современиот спорт, а некаде доведено до совршенство, на пример американските НБА или НФЛ, а јас инспирација барам во легендата на македонското новинарство Југо Костовски, што ми недостасува е СТАТИСТИКАТА.
Се обидов да извадам базична статистика за успехот на Кирил Лазаров како предводник на машката ракометна репрезентација на Македонија. За напредна ќе ми треба многу повеќе време и енергија.
Македонија под палката на Лазаров одигра 40 натпревари. Официјални во квалификации, бараж и натпревари од Европско и Светско првенство. Пријателските не ги земав в предвид тука. Забележа 18 победи, 3 реми и 19 порази или процент на успешност нешто под половина, 48,75 %.
Малку поразложено, сликата само од големите натпреварувања, 18 натпревари, 5 победи, 2 реми и 11 порази, или 33,33 % на успешност со извојувани само 2 победи во првата фаза и 3 во втората, еднаш президент куп еднаш главна фаза.
Од податоците кои ме фасцинираат издвојувам, без некој посебен редослед и без голема прецизност, а само од последното светско, истрачани контри 17, за споредба Данска 70, Португалија 59. Асистенции 66, Шведска 108, Италија 98, Технички грешки 11 по натпревар, Данска и Хрватска по 7.
Колку е далеку сонцето?
Се навраќам на архивата повторно, по крајот на европското во 2022 ра еве малку статистика…
Со задоволство ќе ги прифатам сите можни корекции на вредностите. Се разбира и ќе ги објавам.
Македонија е дел од ракометниот крем несомнено, но за да станеме јагодка ни недостасуваат многу состојки. За жал повеќето се неракометни, не спортски попрецизно. Наша задача е да сториме се што можеме да бидеме ветар в грб на Македонските херои и амбасадори.
За МАКЕДОНИЈА !!!
