Апсолутни Фаворити!

Години поминаа од времињата кога Вардар жареше и палеше низ европа. Мангуплакот и самодовербата, не однесоа на еден натпревар против Загреб со весници. На полувреме +7, и сите задлабочени читавме. По подолг период го имам истото чувство и за Македонската репрезентација. Не дека жариме и палиме, но дека го издржавме фражилниот период во кој стравувавме […]

Оставка, живот што значи?!

ФОТО Ирски Истражител Во повеќе наврати низ скорешната историја имав прилика да се соочам со Македонскиот синдром на трпеливост, во негативна конотација. За жал тој синдром влече корени векови наназад и има различна номенклатура, најчесто препознаен во едно архаично Македонско име Трпе, соддветно Трпана. Таканареченото современо или модерно живеење, го забрза пулсот на секојдневието, држејќи […]

Некои работи ќе бидат појасни!

Вторник каков одамна сме немале! Во 19,00 во Автокоманда, на гости кај Алаклоид пристига Македонскиот Шампион, Пелистер. Дуел кој можеби ништо нема да реши, сигурно ништо нема да реши, но ќе постави насоки и одгатне неколку енигми. Прво и основно, дали Алкалоид е печен за нов Шампион? Во својата 4 та година од формирањето, со […]

Недела над неделите

Фото РК Алкалоид 2023/24 Запомнете ја сите љубители на Македонскиот ракомет оваа недела! Месец Октомври, 2024 та година, Македонија има 4 клубови, претставници во машката конкуренција во европските купови. Ако го додадеме и дуелот на Тиквеш пред неколку денови во првото коло од ЕХФ Купот, чинам дека ова е историски период за Македонскиот машки клупски […]

Овие деца заслужуваат внимание!

Македонската ракометна репрезентација, 2004 и помали, дефинитивно е една од најуспешните млади Македонски ракометни генерации во историјата. Некако тивко, без многу помпа, започнаа од Б дивизијата и се вивнаа во топ 10 селекции во Европа и во Светот. Освоена Б дивизија без пораз, освоено 9 то место на светското кадетско, со еден несреќен или незаслужен […]

Алиса во земјата на чудата

ФОТО РК ВАРДАР Решив овој текст да им го посветам на двајца млади Македонски тренери. Зборувајќи за нив,застанувам во одбрана на сите, посебно млади Македонски тренери. Сведочам во подолг временски интервал на еден по мене социолошки феномен, систаматична намоменти и хистерична хајка, по главите на Владо Недановски и Бранислав Ангеловски. Два ликакои огромен дел од […]

ЕДНАШ ВАРДАРЕЦ, СЕКОГАШ ВАРДАРЕЦ, Владо Недановски во САМО РАКОМЕТ

ФОТО РК ВАРДАР Бутина е прецизната интерпретација на прекарот на Владо. Зборувавме за неговото ракометно патешествие, доминантно во црвено црните бои. За почетоците, времето на Шампионскиот Вардар па се до денес. Погледнете…

Столе Стоилов ми кажа, Животот ќе ти се смени! Дејан Милосављев во САМО РАКОМЕТ

Фото: КОДАК Деновиве во Македонија гостуваше еден од најинтересните ракометни тимови на денешницата, Фуксе од Берлин. Во него три Вардарови легенди, Марсениќ, Периќ и Милосављев. Токму со Милосављев, имавме чест и привилегија да поразговараме. За деновите во Вардар, за возбудата и за промената во неговиот живот. Погледнете …

Легиите на колена пред Македонците, Алкалоид на пол позиција!

Македонскиот концепт во својата 4 та сезона ја демонстрира сета своја моќ. Да, ова сигурно не е лимитот на овој тим и да сигурно тој ќе трпи промени, но факт е дека МОЖЕ. Низ годините се боревме со дилемите, создавање на играчи или резултат, и најчесто создавањето, беше сметано како скапо, долготрајно и ризично за […]

Во Македонија почнува 33 та сезона во Ракомет

Спортот кој си обезбеди бесмртност во сите предстојни спортски монографии влегува во својата 33 та сезона. Ѓоргонот вели дека е највитаен, спортската јавност дека е бро 1, но несомнено Ракометот се издвојува од секое останато спортско случување во Македонија Како изгледаат главните фаворити во очи на почетокот на новата сезона, кои се нивните цели, каде […]