“Трупите” на Раде, со европски противници

Повторно ждрепката ни носи противници од европско тло.

32 тима се потврдени на почетокот на натпреварувањето. Ова е второ издание во историјата со овој број на тимови во составот, по Германија/Грција 2023 година. Во моментов има 18 европски екипи, четири африкански тимови, четири азиски, три тима од Јужна и Централна Америка и две од Северна и Карипска Конфедерација и уште една за која се чека дополнително завршување на квалификациски турнир.

Според правилата и регулативите на ИХФ, Полска, земјата-домаќин, имаше привилегија да назначи квалификуван тим за секој град домаќин, како и да ја избере својата група.

Домаќинот Полска ќе игра во групата А, во Плок, заедно со Норвешка, Словенија и Уругвај, што е тежок предизвик за домаќините, бидејќи само две селекции ќе се пласираат во главната рунда.

Актуелниот шампион Германија ќе оди во групата Г во Киелце, заедно со уште две европски екипи, Србија и Швајцарија, плус африканскиот Тунис.

Вицешампионот од претходното натпреварување, Унгарија, ќе се упати во групата Б, во Сосновец, каде што треба да се соочат со Австрија, Аргентина и Бразил.

Четири европски репрезентации ќе се соочат во групата Ф, каде Македонија ќе се соочи со Исланд, бронзениот од Светското првенство за јуниори на ИХФ во 2023 година, Романија и најново делегираните Фарски Острови. Колкаво е Скандинавското влијание последниве години во ракометните кругови навистина не е јасно?

Во групата Д, Португалија ќе се соочи со Хрватска, Алжир и победникот на Интерконтиненталниот трофеј на ИХФ, натпреварување што треба да се одржи на север од нас, меѓу 11 и 16 март.

Друга тешка група се чини дека е групата Е, со Данска и Франција заедно со Мароко и Мексико. Во групата Х, Шпанија ќе се соочи со Египет, Бахреин и Саудиска Арабија, во уште една фасцинантна група.

25-тото Светско првенство за јуниори на ИХФ ќе се одржи во четири места – Плок, Сосновец, Катовице и Киелце – во Полска помеѓу 18 и 29 јуни.

3 година по ред, немаме “Добра Група” со оваа генерација. Секогаш играме со Европски селекции.
Секогаш одиме “По тешкиот пат на првенството”. Кога ке ги погледнеме другите групи, сигурно никој не би ја посакал нашата група. Рано е за било што да се изјавува уште сега, најпрво да сме сите здрави во Јуни. Знаеме дека две првенства игравме без клучни играчи, се надевам дека на ова ке одиме комплетни.

Нашата цел е да ја повторуваме играта од претходните првенства, нашата борбеност, хомогеност, верба во секоја утакмица на победа. И секако најбитно е што повеќе играчи од оваа генерација да бидат во А селекција.
Веќе имаме тројца, да се надеваме на уште некој, тогаш нашата цел е остварена. -Раде Стојановиќ, селектор на младинската репрезентација на Македонија.

Оваа селекција ни донесе многу радост на последното Европско и пласман во топ 10. “Благодарејќи” на несреќниот формат на ЕХФ, со само еден пораз се најдовме на 9 то место. Играта и залагњето, начинот на кој стручниот штаб ја водеше екипата, се фактори кои дозволуваат да сонуваме големи резултати.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...