Фото РК Алкалоид
Тројца Македонски репрезентативци од РК Алкалоид и РК Мулти Есенс беа дел од проектот „Почитувај го својот талент“ организиран од страна на ЕХФ! Вкупно 30 млади ракометари од цела Европа кои оставија впечаток на М18 ЕХФ Европското првенство во Црна Гора беа поканети на годишниот камп во Виена.
Меѓу нив беа и нашите млади ѕвезди Дамјан Митев, Марин Крстевски и Ѓорѓи Николовски! На кампот, младите таленти имаа можност да учат и да разговараат за теми надвор од теренот со легендарните ракометни амбасадори на ЕХФ: Ханс Линдберг (Данска) Љубомир Врањеш (Шведска) Вид Кавтичник (Словенија) и Карлос Прието (Шпанија).
Погледнете…