Прва Ракометна Панел Дискусија !

Фото САМО РАКОМЕТ/ Марко Ставридис

Во понеделникот 24 февруари, во Скопје ја организравме првата Панел дискусија од ваков формат.

Со огромна помош од новинарската ведета Перо Момировски и Горан Ѓоргоноски, а со присуство на одлична бројка на гости од клубовите и медиумите, дискутиравме безмалку 4 часа за многу актуелни теми од ракометот.

Министерката за финансии Кочовска и Министерот за Спорт Ристовски, беа додадена вредност на настанот и не само со нивното присуство ами и со учеството и ангажманот. Како што и самата почитувана министерка изјави кон крајот на Дискусијата, многу информации за кои не беа свесни излегоа на површина.

Фото САМО РАКОМЕТ/ Марко Ставридис

Злате Стојковски, Стефче Стефановски, Славчо Ристески, Горан Мајнов, Горан Стојков, Ѓорѓи Начевски, ги пренесоа своите искуства, своите видувања и предлози како во различни нивоа и сегменти може да се унапреди ракометната игра.

Меѓу гостите беше и кандидатот за нов претседател на РФМ, кој изјави дека Дискусијата е исклучително квалитетна и опфаќа многу теми со кои, доколку дојде на чело на РФМ, ќе мора сериозно да се зафати.

Фото САМО РАКОМЕТ/ Марко Ставридис

Општо беше чувството дека на Македонија и недостасува инфраструктура, сали, недостасува тренерски кадар, обука за истиот, недостасува маркетинг и промоција на ракометот и воопшто, фактот дека само 0,44 % од Македонското население се активни ракометари, или уште позагрижувачко, само 1,6 % од младината е во ракометот, се своевиден аларм за сите надлежни, владата, министерствата, локалната самоуправа, федерацијата и на крајот клубовите за мобилизација.

Ракометот препознен од новата влада и новото министерство како спорт број 1, го чекааат многу предизвици во иднината за да ја оправда и зацементира таа позиција.

Фото САМО РАКОМЕТ/ Марко Ставридис

Во наредните денови во целост ќе ги објавиме трите панел сесии на нашиот Јутјуб Канал. А Во продолжение погледнете ја фото галеријата од настанот.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...