Фото Ракометна Федерација на МАКЕДОНИЈА
Во некогаш пријателска Хрватска, се приближува крајот на втората фаза од 29 то светско првенство во Ракомет за мажи.
Тажно делуваат празните сали!
Одговорноста врз плеќите на декадентните ракометни асоцијации, светската, европската и секако на нашите, сега веќе некогашни пријатели, Хрватска. Впрочем не ја разбирам потребата да се биде домаќин, а притоа салите да се празни и да нема никаков сериозен туристичко економски ефект. При тоа да не заборавиме дека Хрватска во ракометот е во самата елита и квалификациите никогаш не биле пречка.
Крикот на Македонските ракометни навивачи, насекаде препознаени како едни од најверните, најживописните, најкреативните, најпријателските и највеселите, можеби е сигнал и на некои подлабоки и посуштествени промени во западната перцепција и однос кон нас, Истокот, Балканот, православните Словени. Не дека досега гледаа поинаку, но чинам дека Берлинскиот ѕид повторн се крева, овојпат повисоко, подлабоко…
А ние пак, пирејот, тогаш најјаки!

Фото Ракометна Федерација на МАКЕДОНИЈА
Долга беше дискусијата, континуитет или квалитет. Стоевме цврсто и достоинствено на герфлорот со години. Чекајќи да ни се повторат турнирите како оној во Србија на европското 2012 тата или светското во Катар 2015 та. Се споредувавме со сите по минато, БДП, инфраструктура, колку сме пателе, колку не делеле, колку не црпеле, колку сме мали и колку некомпактни, по сите критериуми, не требаше да сме дел од сиот циркус, но бевме.
За нас пак навивачите, и во поразите клучно беше дали имаше “крв”. И тогаш кога ќе се враќавме на штитот, само тоа ни беше важно.
Следната недела во Македонија ќе се вратат нашите нови херои. На штитот или со него, не битно, тие ги освои нашите срца. Играа храбро, машки играа со срце за МАКЕДОНИЈА!
Марковци, Мартиновци, Кириловци, Филиповци, Николовци… Македонија нема многу синови како вас, ВИ БЛАГОДАРАМ.
Вие сте спортската надеж, за баланс во современото човештво. Последниот бастион пред мрачниот западен хегемонизам.
И ќе се присетам, кога рековме дека 2 топки го делеа Кире од бездната, со Швајцарија една и со Фарски другата, а сега со чиста совест ќе речам дека две топки му го одземаа Олимп, со Унагрија една и со Австрија втора. Помислувам само како ли ќе котиравме сега со тие две победи.
Нејсе, е интересен збор од османлиското наследство, означува помирување, ја означува нашата судбина да се помируваме со лошото, да се потчинуваме, овојпат го користам за да го банализирам крајниот поредок на табелата и да објавам дека Македонците се хероите на нашите срца и дека се победници, да објавам дека со енормна количина на нестрпливост ги очекувам следните натпревари за да им се поклонам.