Фото ХРС
Зошто не ги сакам Французите како народ, затоа што политички повеќе од 120 години веќе се главниот душман на Македонија.
Зошто пак ги почитувам како спортисти, на кратко ќе елаборирам, начинот на кој вложуваат во спортот, организацијата, системот на натпревари, образовните или формациски центри, селекцијата на играчи е сигурно еден од најдобрите во светот.
Дополнително на сето ова, тие, французите ја имаат и таа предност, империјална, да селектираат деца потомци на сите народи кои ги поробиле и асимилирале. Па така во составот имаат афрички, блиско источни и балкански потомци, мешавина која им дава колор и тоналитет на бледите галски петли.
Од друга страна нашите декларирани пријатели и балкански соседи, едно време и наши сограѓани, Хрватите, со сите сили и средства се обидуваат да не понижат. Од епитето Евтина работна рака, до понижувачкиот и негаторски однос на царината, полицијата и редарите во случајов во Вараждин, не ми оставија многу простор со воодушевување да ја испратам оваа нивна помалку епска победа.
По преспаната ноќ, сега со сигурност велам, маестро Дагур Сигурдсон, капа доле!
Ги победи легионерите со нивната игра, ќотек во одбрана, фул контакт со бековите, пет еден одбрана која на балканот како да е во гените, и рафална стрелба ама со хаубици 45-50 минути. Овие петливе, во добар дел од натпреварот како да беа под наркотични средства, па чинам и Жил дури некаде во 50 тата минута се соочи со реалноста и сфати дека ѓаволот ја однел шегата.
Ниту како тим ниту како поединци, Хрватите не се поквалитетна екипа од Французите. Но она што некогаш го нарекуваме Петиот елемент во спортот, синоќа го имаа во огромни количини, страста и желбата за победа.
Коцкести, со намалена еуфорија драматично, Ви честитам, покажавте дека моделот на Лино, Давид против Голијат, сеуште е можен во спортот, давате надеж дека сивилото Франција Данска, полека оди во заборав (под услов утре исто ваков текст да пишувам по победата на Португалија врз Данска) и дека доаѓа нова ера во ракометот. Дај боже само ветровите на промена прво да поминат низ ИХФ и ЕХФ.
Оти тажна е сликата на празни сали на едно вакво елитно натпреварување, во период кога ракометот се игра најбрзо, највозбудливо, најнепредвидливо, најизедначено и најатрактивно.