Фото РК Еурофарм Пелистер
Викендов ракометните сладокусци ќе имаат прилика да ги погледнат долго најавуваните дуели од новопроектираната ГОЛЕМА ЧЕТВОРКА на Македонскиот ракомет.
Во Борис, домаќин Вардар, гостин Охрид, а пак во Автокоманда на Алкалоид му гостува шампионот Еурофарм Пелистер.
Одличен е потегот натпреварите да се играат во два дена.
Долго во кулоарите провејува наративот дека Македонската ракометна лига е најјака на Балканот но и пошироко. Се мачиме да ги најдеме показателите за тоа, да не биде само чувство.
Дали станува збор за буџетите на клубовите, бројот на странци кои играат, бројот на клубови кои настапуваат во Евро Куповите, успесите во истите, хонорарите на играчите, квалитетот на истите или на тренерите.
На прва пак и на втора дефинитивно сме пред сите.

Фото РК Вардар 1961
Имам горчлив вкус по испаѓањето на Бутел од Дуделанж, но тоа не го менува сето горе изнесено.
Штета што не нема на регионалните спортски канали од каде би добиле фидбек за евентуалната гледаност, но еве предлог до новото амбициозно раководство малку да се растрча.
Колку Охрид по освоениот бод со Алкалоид ќе се дрзна да го нападне Вардар, кој се мачеше во подготовките и колку Алаклоид кој е во благ ногдаун по елиминацијата од германците, ќе може да се спротивстави на забревтаниот Пелистер се прашања на кои одговорот најдобро се добива во сала некаде во 4-5 ред во висина на линијата за 9 метри.
Во сабота Вардар Охрид а во недела Алкалоид Пелистер
Се гледаме во сала!