MАКЕДОНИЈА ПРОТИВ РОМАНИЈА

Уште еден бараж во кој се судруваме со ракометна сила но и со сопствената реалност!

25 то Светско првенство ќе се одржи оваа 2021 година во Шпанија во 5 градови од 1 до 19 Декември и за првпат ќе биде со 32 земји учесници.

ТИМ

Романија е за жал со беспрекорна статистика кога станува збор за учества. Досега играле на сите 24 Светски превенства. Имаат 4 освоени медали, од кои 1962 Злато, 1973 и 2005 Сребро и најсвежо Бронза 2015 година. Во 2010 година имаат Бронзен медал и од Европското првенство. Имаат и 4 учества на Олимписките игри со 4 то место како најдобар пласман далечната 1976 год. На изглед имаат неуспех на последните три настани, 12 место на Светското Првенство 2019 година, 12 на Европското 2020 и неуспех на квалификациите за Олимписките игри во Јапонија. Скорот е 5 победи и 11 порази, но факт е дека освен еден пораз од Јапонија и оној од Хрватска сите други се во натпревари со навистина сериозни репрезентации, Русија, Шпанија, Шведска, Германија, Црна Гора, Норвешка и Холандија.

ИГРА

Играат модерно и брзо, динамично, со цврста одбрана. Во екипата безмалку сите настапуваат во домашното првенство. Во најголем број натпревари лидер и прв стрелец е Неагу, која беше 4 пати избрана за најдобар играч на светот. Екипата е искусна со неколку млади ракометарки. Сите се исклучително мотивирани и искусни ракометарки.

Во преден план на нападот е левата бековска позиција, но често додават и на пикер. Имаат одлични голманки па и контрата е нивно убојито оружје.

ИГРАЧИ

Клучни играчи во тимот се Неагу, Пинтеа, Остасе, Ласло, и секако одличните голмани Думанска и Деду. Во одбрана одлични, брзи и секако физички добро подготвени.

ТРАДИЦИЈА

Традицијата е на страна на Романија и успеав да пронајдам досега само два меча, 2005 пораз 29-22 и 2017 пријателска, пораз 31-18.

МОТИВ

Романките се во блага криза, на таа криза се надодаде и елиминацијата на ЧСМ Букурешт. Од една страна падот на формата може лошо да влијае, од друга страна може да ги разбуди и во мечот со Македонија да бараат рехабилитација.

Македонките се пак во константен раст и резултатски и играчки а можеби и атмосферата по подолго време е на високо ниво. Можеби се подготвени на исчекор. Мотивација нема да недостига.

Интересно е дека обложувалниците не и даваат воопшто шанса на Макеоднија, па така коефициентот за победа на првиот натпревар е вртоглави 13.

ШТО МОЖЕ МАКЕДОНИЈА ДА НАПРАВИ

  1. Да ја лимитира Неагу во голови,
  2. Да ја затвори средината во одбраната и додавањата до пикер
  3. Да го испори ритамот и да игра на малку голови.

За МАКЕДОНИЈА !

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...