Пелистер на гости кај Кадетен

Вечерва во 18.45, Пелистер го игра вториот натпревар од европската Лига на ЕХФ. Дебито дома не помина како што сите очекуваа. Пелистер загуби од Ним.

Вториот натпревар иако на гости, сепак носи надеж дека битолчани ќе успеаат да го преточат потенцијалот во победа.

Интересно е дека минатата година овие две екипи исто така се сретнаа во групната фаза. Изиграа еднаш нерешено, дома и еднаш изгубија. Кадетен е клуб со богата историја, и е составен главно од домашни играчи и по некој странец. Од странците најголемото внимание го привлекува бившиот вардарец Кањелас.

Иако информациите говорат дека шпанецот нема да биде во тимот сепак Кадетен е серизен противник. Од тој факт не бегаат ниту кладилниците, па така коефициентот за победа на македонците е прилично висок, 4. Тие се во добар ритам во домашното првенство, но европската одисеја ја започнаа со пораз од Спортинг.

Од играчите кои реализаторски добро ја почнаа сезоната ќе ги издвоиме, левото крило Зендер, централниот бек Шелкер и Кањелас.

Пред нас е натпревар од кој поважен сепак ќе ни биде резултатот.

26.10.2021 Шафхаузен Швајцарија

Европска Лига на ЕХФ второ коло

Кадетен Еурофарм Пелистер

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...