Пробивањето на Гаџа

СР: Ја започнуваме серијата коментари во рубриката ПАСИВНА, на тема судиски одлуки. Неможевме да најдеме подобар стручен советник од еден од најдобрите судии во светскиот ракомет. Нашиот Ѓорѓи Начевски. Тој со својот тандем Славе Николов, со години наназад се во самиот врв на судиските парови и веќе имаат одсудено безброј врвни натпревари во Лигата на Шампиони, Светските, Европските првенства и како круна Олимписките игри.

Денеска ја анализираме ситуацијата од второто коло на ЛШ, во Скопје, Вардар против Мешков. Имено во 13 та минута при една брза вардарова транзиција на бекот на Вардар, Анте Гаџа му беше досудено пробивање.

ЃН: Едноставно Гаџа влезе во замката на одбрамбениот играч. Во таа брзина е исклучително важно и аголот од кој ја следи судијата ситуацијата. Во оваа ситуација делува дека едниот судија има добар преглед. Многу важно за одбранбениот играч е дали е на место или во движење пред напаѓачот. Независно дали ја има во посед топката или веќе ја додал, играчот кој напаѓа, ако директно се судри со одбрамбениот играч одлуката е Пробивање.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...