ЈАМБ ВО НАЈАВА, ЕХФ и РФМ 26.09.2022-02.10.2022

Фото РК БУТЕЛ

Колку многу ми недостасува таа Лига на Шампиони. Се повторувам…

Неделава имаме доста ракомет за следење а нешто и ќе може да се гледа.

27.09.2022 18.45 ч Алпла Хард Бутел Скопје ЕХФ ЛЕ

Австријците го елиминараа Пелистер 2 и оставија впечаток на сериозен клуб. На прва делува дека Бутел нема ни капацитет ни амбиции за групна фаза, но најслатко е кога нештата се случуваат не планирано.

28.09.2022 18.45 ч Загреб Порто ЕХФ ЛШ

Овој дуел е на двете екипи кои отворија со порази. Откривам мала тајна, за Загреб со 6 конци на челото ќе настапи Тимур Дибиров.

28.09.2022 20.45 ч Олборг Киелце ЕХФ ЛШ

Олборг апсолутен хит според аквизициите и игрите. Во дуел со старите наши badboys, Киелце.

01.10.2022 16.00 ч Македонија Норвешка 2

Женската ракометна репрезентација на пријателски дуел со Норвешка 2. Вреди да се погледне и да видиме како напредуваат нашите девојки.

02.10.2022 17.00 Струга-Алколоид и Тиквеш-Тинекс Пролет Македонска Супер Лига

Тимови кои многу значат на македонската ракометна сцена.
Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...