Со години една реченица изговорена од голем број ракометни па и неракометни личности делува дека се престори во флоскула.
Дали навистина Ракометот е спорт број 1 во Македонија? Кои се причините за тоа, зошто сметаме дека е така, а во реалноста работите се драматично поинакви.
Зошто немаме доволен број деца кои тренираат ракомет, зошто немаме доволно сали, зошто салите се незагреани, зошто има малку клубови, зошто сите се на работ на егзистенцијата, зошто по навршени 17-18 години огромен број ракометари ги закачуваат патиките на клинец, зошто тренерите немаат ниту еден ден стаж, зошто и уште стотици зошто …
Втора година по ред во организација на САМО РАКОМЕТ а овој пат комплетно поддржана од Ракометната Федерација на Македонија, се обидуваме во дискусија помеѓу различни учесници од нашиот ракомет да поставуваме прашања и да бараме одговори?
Понеделник 23 февруари во хотелот Дабл Три, ќе се одржи втората таква сесија прашања и одговори.
