Втор дел од интервјуто со тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ. Интервјуто е правено на 11.Октомври 2021 година.
Колку овој ростер е правен по Ваш терк, Њокасите дојдоа подоцна?
Веселин Вујовиќ: Значи играчи кои дојдоа пред мене се Гурбиндо, Чувара и Кудуз. Сите останати дојдоа после мене.
Во еден стар Вардар зборувавте за потребни сантиметри и килограми во една екипа Дали ова сеуште важи и дали имаме доволно ако ги погледнеме Столе, Тото, Валчак, Талески, Кудуз, Моралес.
Веселин Вујовиќ: Имаме имаме, но ни треба, тоа сите го гледат, уште еден квалитете среден бек, но по овие правила има играчи, но неможеме да ги искористиме. Тоа правило е против Вардар. Тоа не го користи ни Металург ни Пролет ни Бутел, па зошто да се лимитира единствениот клуб. Правилото е за да се развиваат домашните играчи, па ти имаш 10-12 клубови каде може да се развиваат, ти сакаш Вардар да собира бодови во Eвропа и да биде шампион а сепак да биде лимитиран, нема шанси, нема шанси.
Вардар во овој момент сеуште не е на ниво на игра на кое треба да биде во однос на она што го имаме. Јас морам да кажам дека сум позитивно изненаден дека ние со толку измени и за вака кратко време сепак направивме добри резултати и дека екипата така добро фунционира. Но голема помош имам од моите соработници на клупата но и од Дибиров и Стоилов. Тие се големи професионалци, имаат голема тежина во соблекувалната и многу добри совети даваат. Дибиров е секогаш коректен а Столе има некогаш некој начин на интерпретација која не е баш, но Столе е таков каков што е специјалиста и има тежина, капитен две титули…

Од кого не сте задоволни, на еден тајмаут слушнавме Џукиќ неможе да реализира, дали тој е наслабата алка во моментов?
Веселин Вујовиќ: Апсолутно не се сложувам, сметам дека Варадр е еден мозаик во кој секој играч има свое место. Било кого да тргнеш ќе остане празнина. Не сум задоволен со формата која Џукиќ ја покажува, но неговото залагање, односот, професионализмот кој го покажува е гаранција дека тој наскоро ќе го стигне она ниво поради кое дојде, тоа е евидентно. Кудуз не е на своето ниво затоа што веднаш по доаѓањето одигра феноменално со Загреб па се повреди, му треба сега време да влезе во тој ритам, Гаџа сеуште не е на ниво, после повредата на раката која ја здоби со репрезентација и не е на ниво на Гаџа кој го одигра крајот на минатата сезона, врвно. Томовски сеуште не се снајде овде и нема концентрација во текот на цела утакмица каква би требал да има голман во ЛШ. Но сето тоа се позитивни работи затоа што кога ќе ги поправиме ќе бидеме уште подобри.
Ајде сега малку и за младите, Мишевски се повеќе игра, Стефан Атанасовски со одлична висина за пикер, Карапалески има некоја луцидност во својата игра, Савревски, Крстевски и Ќосевски …
Веселин Вујовиќ: Домашната лига и СЕХА се предвидени за нив, да работат да напредуваат, но за нив е исто така важно кога се на тренинзи со играчи од класата на првотимците. Секој тренинг за нив е големо школо и тие напредуваат доста. Потребно е време за играње. Но сепак кога треба да направиме добар резултат а ние сме мотив за секоја екипа, видовте Металург не држеше 45 минути егал. Не сум сигурен дека младите сами ќе можат да го понесат тој терет а стариве се ноншалантни. Сите сметаат дека во македонската лига треба само да се појават, и работата е завршена, но се лажат. Во оној момент кога сите ќе сватиме тогаш и за младите и за професионалците ќе биде многу полесно.
Сега и за играта, Вујовиќ сака добра жестока одбрана, Врадар е во топ 5 екипи. Во ЛШ најдобрата одбрана статистички со најмалку примени голови ја имаат Барса и Пик само 75, Флензбург 80 и веднаш следи Вардар и Олбор со 82.
Веселин Вујовиќ: Секоја сериозна екипа мора да има сериозна одбрана, почнувајчи од голманот па одбраната. Кога играте добра и цврста одбрана, тогаш нема паника во нападот, затоа што изгубените топки или промашените шутеви не се толку оптоварувачки дека ќе примите гол. Ние во овој момент неможеме да играме на голем број голови, тоа би било трчање по теренот, ние сепак играме еден ракомет кој е контролиран. Кога има шанса трчаме кога нема застануваме. Ни се случи на неколку утакмици имаме 4 разлика и за миг се расипуваме. Тоа е само поради малата неуиграност и несериозност, еве зборувам за браќата Њокас, во тие моменти прават некои додавања кои се и за мене изненадување!

Чекајте бре! Јас го прашувам дали си ти нормален? Зар ти мислиш дека на овој резултат и играме 7 на 6, треба меѓу нозе да му фрлиш топка на пивотменот од 10 метри? Не ми е поимливо дека играч може да има таква идеја. И сега од публиката викаат видиго Вујо, луд игра со 7 играчи. Имав разговор со нив, наместо некој сериозен состанок ги прашав: Што сакате Вие? Дали повеќе сакате да дадете 10 голови денес или Вардар да победи? Да победи ! Тогаш работете се за Вардар да победи.
Мојата тренерска филозофија е дека 1 гол го чини среќен 1 играч, а една асистенција 2, и тој кој додал и тој кој постигнал гол. Тогаш слушајте ја мојата филозофија, така играјте и нема да имаме проблем никогаш.
Сепак многу повеќе има позитивни работи од оние кои треба да ги исправаме и тоа е многу добро, една сме од две екипи кои немаат пораз. Но сега ќе дојдат, Монпеље, Алборг, Кил, Пик, може ќе дојде лоша серија, но најважна работа и кога ќе изгубиш е начинот на кој ќе изгубиш. Ако дадеш се од себе, ако искрвариш, ако изгинеш никој нема да ти замери, но ако ти изгубиш утакмица пред да почне, јас тоа неможам да го поднесам.
Имам впечаток дека Диало е откровение во одбраната, дали тој е клучниот во одбраната, Абутовиќ од времето?
Веселин Вујовиќ: Тој е понизок, физички малку послаб но побрз на нозе од Абутовиќ, но морам да кажам нешто за Диало. Тој е најпозитивниот играч кој сум го имал во кариерата. Сите македонски играчи и сите играчи во клубот се заљубени во него, тој е добриот дух на екипата. Вие неможете да разберете као тој се однесува на секој тренинг секоја утакмица. За него нема добар и лош противник нема умор или повреда Тој е нешто неверојатно. Прва моја идеја за Михајло за обнова на договор е Диало.
Тој е фасциниран од Скопје, од Македонија, фасциниран е од комитите, од салата. Тој е толку благодарен, кога ќе му дадат вода, кога ќе му бандажираат прст, ја уште таков играч немам видено. И евидентно е дека тој е еден од играчите кој во одбраната чини една специјална цврстина. Мал проблем кај него е транзицијата, му фали малку креативност, но кога ќе ја играме таа статична одбрана кога ќе гинеме тогаш тој е незамнелив.
Потрошив многу добри зборови за него но сакав да го кажам тоа од срце, такви играчи ја прават атмосферата на екипата на соблекувалната позитивна. Тој е секогаш насмеан ! Да направиме скриен тест кој мора да остане следната година тој 100% ќе биде на прво место.

Во нападот со 92 голови повторно во топ 5 екипи. Голем број играчи се запишуваат во листата на стрелци со мешков 11, зборуваме на пресот за оваа врлина на вардар Дибиров очекувано но Њокасите Моралес а пред се Тото експлодираа
Веселин Вујовиќ: Немам јас реално објаснување иако се трудам да бидам и психолог. Тото безмалку не играше во Висла Плок, Талески знаете дека исто минатата година колку играше, Моралес од Франција исто, Њокасите исто. Одеднаш тоа се играчи кои се сериозна опасност во лигата на шампиони.
Работата е во тоа што јас нив им дозволувам креативност, што јас нив ги бодрам во добрите идеи. Кога работат работи кои се поклопуваат со мојата тренерска идеја јас не се мешам. Кога јас гледам дека играат, напаѓаат, трчаат како што јас би сакал, јас тогаш простувам и грешки. Но кога ќе видам дека место лево одат десно тогаш ме фаќа нервоза. Тие успеаа да ја вклопат нивната креативност во она што јас би сакал да биде Вардар, па и тие се мирни и јас сум мирен. Нормално на тренинзите корегираме јас објаснувам, за да не излегуваат од тој систем, но многу сум задоволен од тоа што нападот го одработува поготово што користиме и напад 7 на 6 кој против добри одбрани може многу да придонесе. Е сега никој несака кога ќе се прими на празен гол.
Во разговор со Бранко Ангеловски кој е одличен познавач на играта 7 на 6 и ја има доста анализирано, тој вели дека екипата која сака да ја успори играта и намали темпото сака да игра 7 на 6
Веселин Вујовиќ: Тоа е случај со Алборг, но ние не игравме така против Елверум и Мешков, јас знаев дека ако многу трчаме со Алборг дека нема да успеем. Па така тренерот ги користи адутите кои му ги дозволуваат ракометните правила.
Малку и за ограничувањето на нападот и тн шатклок
Веселин Вујовиќ: Јас реков дека тоа мора да се воведе. Ние сме единствен спорт на светот во кој судијата со кревање на рака ти одредува кога ќе шутираш. И така тој ја држи раката и брои, а никој од нас никогаш не успева да изброи колку имало додавања, само судијата знае. Подобро би било, ќе се тргне проблемот и од судиите. Би требало да се воведе но исто и челенџ кој го има во одбојката.
Дали во македонската лига следи само еден сериозен испит со Пелистер или можеби ќе има Врдар уште некој тежок предизвик.
Веселин Вујовиќ: Доколку не бидеме сконцентрирани на секоја утакмица 100%, еве за нас ќе биде многу јака утакмица со Пролет, кој има само еден пораз а ние ќе бидеме физички и емотивно потрошени, а тие не чекаат, ако не бидеш на високо ниво сигурно ќе имаш проблеми. Такви имавме со Бутел иако игравме сериозно, со Охрид со Металург. Нас никој освен Пелистер не ни е мотив а ние сме на сите. Тоа е разликата и мора да ја изедначиме мотивацијата. Јас многу ги почитувам сите овие екипи но јасно е дека титулата ќе се одлучи меѓу нас и Пелистер.
СЕХА некао ја губи својата тежина, структурата, го губи значењето, можеби ќе се јават во декември па ќе дадат распоред Вардар ќе игра…
Што да кажам кога Михајло е претседател, се што имам ќе му кажам во 4 очи и тој како претседател треба тоа да го усвои. Навистина сметам дека Вардар треба да има статус како Мешков или Веспрем и да се вклучи само да игра завршна фаза. Да не се мачиме цела година. Дали ќе успееме незнам, или ќе мора некоја непопуларна мерка да одат само младите играчи а тоа е полоша варијанта. Ќе почекаме па ќе видиме.

Назад дома во Јане сандански. Дали соблекувалната е во ред? Лани Столе рече дека во тој Варадр има играчи кои што не сфакаат каде се дојдени, се чини дека овој пат го нема тој проблем?
Веселин Вујовиќ: Јас мислам дека нема, најискрено велам дека нема ниту еден кој не сфатил најсериозно каде дошол, соблекувалната, градот, целиот амбиент. Валчак првата утакмица скоро да пушти солзи. Тој поминал година дена не видел ниту еден навивач на трибините и првиот пат кога ја почуствува атмосферата рече ова е неверојатно. И секако сте сведоци колку странците всушност тешко си одат од Вардар. Но ситуацијата некогаш ги брка, но се надевам дека се ќе биде сега во ред.
За краја, Столе изјави дека ако оди Алушевски, Вардар се враќа 10 год назад?
Па добро кажал, Вардар се врати 10 години и супер сме. (се смее)