Апсолутни Фаворити!

Години поминаа од времињата кога Вардар жареше и палеше низ европа. Мангуплакот и самодовербата, не однесоа на еден натпревар против Загреб со весници. На полувреме +7, и сите задлабочени читавме.

По подолг период го имам истото чувство и за Македонската репрезентација. Не дека жариме и палиме, но дека го издржавме фражилниот период во кој стравувавме за секој натпревар, губевме ко Грчка и немавме кохонес ниту за еден дуел, а камоли цел натпревар. Кралот, трпеливо ја менуваше и сеуште ја менува генерацијата од која многу очекувавме а ништо не добивме, ги испраќаше во заслужена пензија сите наши стари херои, одолеваше на притисокот од јавноста и медиумите. Една негова изјава дека Македонија ќе игра налик на Норвешка, полека добива смисла.

Требало време.

Во визиите пак на САМО РАКОМЕТ, 2025/2026 се годините во кои очекуваме резултати. Патиштата се вкрстуваат полека.

Во првите 2 кола, сме апсолутни фаворити. Ниту Естонија ниту Литванија не ни се ни до колена. Да, Лазаров е внимателен и предупредува, но тоа е уште еден доказ дека и тој зрее, свесен е дека товарот го префрли на младите, а тие сепак се млади.

Составот сеуште не е објавен но совршено станува јасно како отприлика ќе изгледаме.

Томовски на голот, Атанасијевиќ лево, Кузмановски на лев, Марко Митев среден, Серафимов на десен, Петковски остана сам на десно крило, Мечка на пикер. Со една или без, измени, овој тим може да трча, да се бори, да се тепа ако треба, а верувам знае и да клава голови.

За се во животот треба почитување и трпеливост. Ги почитуваме сите спортски противници и имаме трпение за резултатите кои треба да дојдат.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...