Во обид да ја возобновиме нашата стара рубрика “Catch the Match”, неколку дена по ред се
обидувам да најдам објаснување како нашиот најомилен и најуспешен спорт во нашата ни мила
Македонија го доведовме до ова дереџе. И штом некако ми дојде републиката пред очи, веднаш
ми станува јасно дека всушност ни ракометот не може да остане имун од самоуништувачкиот
процес во којшто оддамна оваа земја т.н НАША земја веќе длабоко е навлезена. Па така,
веројатно некако и без многу мака и ракометот успешно тргна кон бездната.
Многу чудни нешта се испослучија почнувајќи со објавата на поширокиот список за двомечот со
Португалија. На него, првичниот шок беше што некои познати лица недостасуваа, за веднаш потоа
и други познати лица да се откажат, некои заради повреди, некои заради лични причини, некои
заради навивачки нетрпеливости.
И на што се доведовме сега?
Епа сега баш ќе можеме да видиме каква ќе биде нашата игра во четврток, во Борис Трајковски,
без сите оние играчи кои што барем на извесен процент од нас таканарачените “селектори” ни
пречеле и “селектори” кои што сме сметале дека истите тие играчи не треба ни од блиску да се на
репрезентативниот список.
Епа ете сега сите ние кои бевме селектори додека ја јадеме утринската чорба или додека мезиме
пиво и грицки чекајќи го натпреварот, сега ќе можеме на лице место да се увериме која ќе биде
силата на репрезентацијата кога во неа ќе ги нема Талески, Манасков, Георгиевски, Танковски,
Пешевски…
Додека нашите играа во Полска, немаше “селектор” кој што без разлика дали е таму на трибини
или дома пред ТВ, немаше став за секој играч. Сите знаевме кој треба да игра наместо
повиканите, а уште повеќе кој воопшто не требаше да биде ни во авионот за Полска. Епа сега ќе
можеме убаво да се увериме како ќе биде без поголем дел од тие прозивани имиња.
Јас да бев на местото на селекторот ќе свикав еден поширок форум од “стручни лица” од секој
докажан ракометен центар/град во Македонија и на тој форум ќе се составеше
репрезентативниот состав кој што ќе истрча на мегдан на квази Бразилците. Па да видиме чија
“селекторска” колку тежи.
Само да не се доведеме во ситуација заради многуте изострени
критериуми да треба да истрчаме со само 7-8 играчи.
Александар Бицевски