Спортот е убав и возбудлив и поради неизвесноста. Па така апслоутниот фаворит Веспрем сосема неочекувано но заслужено изгуби во Романија. Интензивниот натпревар уште во првото полувреме понуди многу возбуда, а српските судии беа постојано на испит.
Се редеа црвени картони, први настрадаа гостите, погледнете:
Веспрем беше во континуирана потера по значително засилените романци. Израмнување на сметките стигна се чини за нив предоцна. Погледнете го вториот директен црвен картон:
Ние во САМОРАКОМЕТ, на огромно задоволство го имаме нашиот Аналитичар на правилата, Ѓорѓи Начевски.
Во двете ситуации одлуките беа престроги. Очигледно е дека стартовите не беа директно во главата, а впрочем и немаше неспортска намера. Да тоа беа груби стартови, но присутна е и претерана реакција, глума, од играчите врз кои е стартот. Потребна е добра опсервација од страна на судиите и укажување навремено на играчите дека нема да се толерира “глумата” !