Неколку судиски (не)одлуки од полуфиналето Франција Шведска

Нашата “ПАСИВНА” неуморно трага по вистината.

Колку подобро ќе ги запознаеме ракометните правила, толку повеќе ќе уживаме во оваа прекрасна игра. Од друга страна и ние жестоките навивачи ќе бидеме помирни во реакциите.

Како што ветивме во специјалот ПАСИВНА ги ставивме под мониторинг судиите на полуфиналниот натпревар Франција Шведска од ЕХФ ЕУРО 2022. Денес ги разгледуваме нивните одлуки во последните 30 секунди од натпреварот.

Погледнете …

Еве што за овие 30 секунди кажа Ѓорги Начевски:

Ова само уште еден пример кој ни покажува како ракометот станува исклучително динамичен и возбудлив спорт. Што се може да се случи за неколку минути а посебно за последните 30-40 секунди. Најпрво, топката е во посед на Шведска и се досудени чекори. Неправилно, играчот прави три чекори и ја води топката, НЕМА ЧЕКОРИ. Топката е одземена, следи ПРЕКРШОК од шведите за 2 МИНУТИ, не е досуден, па французите во сето брзање прават ПРЕКРШОК во напад, и тој не е досуден ! Сега, топката е кај пивотот кој е под фаул и шутира, чист ПЕНАЛ ! Не е досуден, но со одбраната на Паличка, правдата е задоволена !

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...