Вечерва текстов го пишував додека паралелно одеше и натпреварот Спортинг – Пелистер. И имав сосема друг текст, ама за жал Бабиќ повторно ми отвори дупла работа. Морав се да менувам од корен.
Вечерва тој од мене доби оценка двојка. Иако искрено оценката до 48 минута му беше чиста петка. Дури и првичниот наслов “Бабиќ дипломираше” кој што првично му го посветив само нему, морав да го менувам.
Ако онаа старана поговорка велеше “Крајот го краси делото”, вечерва таа ќе треба да ја смениме во “Крајот го упропасти делото”. Бабиќ за жал го врати тимот и чувствата на едно минато време, кога Алушевски како по дефиниција ги губеше натпреварите во последните 15 минути.
Вечерашниов текст мора да биде поделен во два дела.
ПРВ ДЕЛ ДО 48 МИНУТА
Видовме еден сосема одличен Пелистер,
- Периќ во поле ја водеше топката и додаваше како кошаркарски плејмејкер, како Врбица Стефанов во своите најдобри денови
- Играта борбена, со многу “ќотек”, за сметка на темпото и брзината на истата. Игра која што му одгвоараше само на Пелистер. Секоја чест за постигнатото
- Бековите разиграни, особено Табоада со исклучителна разновидиност во изборот на шутевите.
- Секељи можеби на статистика нема да има којзнае какви бројки, но одбраните му беа секогаш во вистинско време кога беше потребно, а многу често се работеше и за одбранети зицери.
- Пикерите борбени и во форма.
- Техничките грешки сведени на минимум
ВТОР ДЕЛ ОД 48 ДО 60 МИНУТА.
- Серија чудни грешки во поле.
- Промашениот пенал на Периќ за плус 5, што допринесе да се разбуди публиката.
- Спортинг во одбраната на Скок, доби и голман, иако само за 12 минути.
- Еден не досуден чист пенал над Граџан, и сето тоа ги врати домаќините во живот.
На крајот како шлаг на тортата, повторно Бабиќ во главна улога, со чудните одлуки за играње со или без голман допринесе да имаме ваков резултат, кој што е чисто плод на неговата одлука дека тој е задоволен со тој бод.
Јас, а и сите љубители на ракометот се прашуваме:
-“Зошто човеку само бод? Па веќе ги имаше разбиено и скршено. Само требаше да ги “посолиш” и да ги “изедеш”
ЗАКЛУЧОК:
Сепак Пелистер прераснува во сериозен тим, кој што ја темпира својата формата за најважниот натпревар, (слободно ќе кажам за нив) во последнава декада.
Вардар и неговиот кормилар, сериозно треба да се запрашаат и подготват за мегданот кој ќе ги чека во жешката битолска сала. Формата на тимот од Битола е во нагорна линија, има сериозна серија од позитивни резултати и има значајно подобрување во квалитетот на играта.
До дербито во Битола….
Ве поздравува
Александар Бицевски
30.11.2021 Лисабон
ЕХФ Европска Лига
Спортинг Пелистер нерешено !