ФОТО РК Вардар
Во пресрет на суперкупот, јасни беа две работи: Пелистер е апсолутен фаворит, за младата екипа на Вардар секоја минута е важна.
Од денешен пак ракурс, се обидувам да ги пронајдам клучните фактори за расплетот во Струмица.
Битола, уште таму некаде во раните девеесети од минатиот век, ме импресионираше со својот дух, хумор или попрецизно мајтап. Не сум имун на битолските досетки, прекари посебно, па често во анлизите ги вклучувам и коментарите на битолската чаршија и битолската ракометна јавност, за која знам колку многу ракометно знаење има во своето CV. И овојпат ѕидот исполнет со коментари, но запнав кај еден, со кој некако и мојата подолготрајна ракометна анализа се тангира.
“Брату незнајме кај тераме … “
На оваја забелешка додавам уште една поладнокрвна но исто брутална, Лани почнавме со еден, завршивме со два, а годинава продолживме со три тренери ! Паметам дека долго на ѕидот за отстрел го имавме нишането агрономот, но да не заборавиме со каков ростер тој располагаше. Овој пат се чини многу повеќе несреќни фактори ја зафатија Битола.
Згора на се еуфоријата од освојувањето на титулата не само што не спласна, напротив прилично порасна, а со тоа и надменоста очигледно, а неосновано го достигна врвот.
Пелистер дефакто има проблем, се виде од настапите во тн СЕХА и Добој, времето е кусо за корекции, па очекувам кризниот штаб веќе денес да се состане.
Во Скопје пак некако со друга стратегија, Трај Прај. Тивко, далеку од некои медиумски драми, еден нов Вардар се раѓа. Кога во една прилика го прашав Столе, кој драмтично е променет патем, во ставот и пристапот, дали сега Вардар навистина се враќа 10 години назад, ладно ми одговори Никако.
Наспроти легијата на странци во Битола (по урнек на еден двократен шампион), во Скопскиот табор овојпат направија една интересна македонско српска формација која ја предводеше еден скромен самурај.
Дисциплинирани, мотивирани, водени од еден нов Столе на клупата, црвено црните освојувајќи го супер купот, ја вратија насмевката во Скопје.
Натпреварот безмалку па одличен. Видовме од се по малку, одлични средни, Тајник и Косуке, врвни леви, Кисум и Петриќ, немилосрдни пикери, Пешевски и Мечка Лазаревски, две убоити српски крила и нешто малку голмански интервенции. За нотација и играта во одбрана на Вардар и транзицијата, во кој одлично се надополнуваа Лазаревски, Мишевски и Аларов, како и неколку клучни интервенции на Томовски.
Впечаток е дека шокот за битолчани беше преголем но сепак дојде во вистинско време пред стартот на Лигата на Шампиони и Македонското првенство.
Ако по утрото денот се познава, ќе гледаме една прекрасна сезона во домашниот шампионат !
Кон Суперкупот во Струмица кој го освои Вардар победувајќи го Пелистер 30:26