Фото ЕХФ
Епските битки имаат вовед. Оваа не, не можеше ниту да се наслути дека ќе се претвори во битка уште помалку во епска!
Магдебург важеше безмалку за апсолутен фавотит. Тие така и се однесуваа, во полуфиналето со Нексе, не ги испукаа своите адути.
Португалците пак, срамежливо ја наметнаа својата амбиција уште со ангажманот околу организацијата на Ф4 на ЕХФ лигата на Европа.
Впрочем да не беше дуелот онаков жесток и квалитетен, самата овогодинешна лига можеби и ќе изгубеше на значење.
А дуелот беше вистински, ракомет за сите пари. Жестоки дуели, на раб на тепачка, транзиција убиствена, голмани феноменални, упорност и карактер.
Разлика никој не успеваше да направи. Од една страна скандинавско германската експедиција, од друга страна врела медитеранска крв.
А овие вториве како да се обиделе да користат состојки од една шампионска рецепта. Млад потенцијален се разбира шпански тренер. Двајца балканци со инает колку што Норвешка има фјордови, Германец со желба за освета, двајца тројца со шампионско педигре, голман мешанец, па еден швед колку да боде очи, ама со квалитет и искуство охохо.
Зошто не ги сакав германците ?
Памтам кога на светското во Хрватска го испровоцираа Кире за црвен, па го добија дуелот, памтам и Магдебург и Фленсбург како го решија Вардар, не сум им заборавил и за прва и втора светска…
А да не заборавиме дека, Самба е наш, дека на Бице, Калман му е идол, дека малите и слабите, аутсајдерите ми се слабост.
Финале вистинско, победи подобриот, похрабриот, поупорниот.
Да живее Ракометот!