Специјални, Јуришни, Десантни…

Фото РК Вардар

Единици за брзо распоредување, Гранична полиција, Полк за специјални операции, Посебна единица за подршка и верувам дека во СПА центарот на Хотел Русија имаше и Фоки !

На сиот овој расположив арсенал, на кој верувам и Украина би им позавидела, а кој дефилираше околу салата безмалку цело неделно предпладне и пладне, во моментите кога требаше да се на свое место нив ги немаше.

ЕНИГМА

Ракометот одамна има посебна графа во Македонскиот спорт. Дерби натпреварите секогаш биле исполнети со колоритно навивање и лечење на фрустарции. Летале и идентификувани и неидентифукувани предмети, клубовите плаќале казни и се некако завршувало под тепихот.

Но сега е 2023 година, ништо не е како порано, и несакам но морам да помислам дека ништо не е случајно.

Како некој со сила да сака раздор, немир, зла крв. А видовме дека и едните и другите, знаат и те како да бидат фантастични навивачи и знаат да си оддадат почит. “Непријатели” во спортот, браќа во болката ! Ако ги иземеме оние 10-15 минути во кои првоспоменатити сили ги немаше а овие вториве здивеа, па мораше играчите да ги разделуваат, амбиентот беше прав. Аргентински, Македонски, спектакл !

Сценариото од лани се повтори, тогаш критиката одеше на адреса на клубот, овој пат со прстот покажувам кон МВР, да Вие сте виновни за настанатиот хаос, 10 минути како да бевме во Бахмут, а елитниве немо Ви стоеа како декор. Како во Homeland кога уфрлаа шпиони за мирни протести пред Американска амбасада да се претворат во крвопролевање !

Да текстов е коментар за ракометен натпревар, не е извештај од Руско Украинската војна.

А натпреварот, скоро па одличен. Жесток, динамичен, со многу енергија. Вардар за класа подобар, соништата за Зелена ера, за некои други времиња.

Проблемите во Пелистер, кои за момент делуваа дека се минато со промената на тренерот, очигледно сеуште постојат. Во анализите кои ги работевме, се повторуваше моментот на недостиг на лидер во тимот, недостиг на автохтони ликови а времето покажа дека недостига и квалитет во одредени силно најавувани засилувања. Не, ова не е крај на сезоната, реваншот во Битола ќе го даде шампионот, но во моментов работите се за нијанса појасни. Битола е нестрплива, притисок е голем, пред управата на клубот следат сериозни предизвици.

Ниту во Вардар не цветаат ружите дефинитивно, но во моментов во Вардар играат еден куп прекалени борци, згора на се Македонци па разликата е повеќе од јасно зошто постои. Што ќе се случува со Вардар можеби е и поголема енигма од Битолската, дали ЕХФ ќе му дозволи настап во Европа, Дали Михалјовски е подготвен уште една скапа сезона да спонзорира, се само мал дел од непознатите!

Ако ги ампутираме разулавените 30 тина минути, во Скопје гледавме ракометен спектакл во кој Шампионот Вардар на крилата на прекалените Манасков, Стоилов, Талевски, Ѓеоргиевски, Велко Марковски, Ристовски, одличните Томовски, Моралес и Карапалевски, како и џокерот Дутра па во еден мал дел дефанзивно и Аларов, го победија Пелистер кој иако играше цврсто и машки немаше во себе доволен квалитет и лидер за повеќе од пораз.

Останува само да го почекаме на реваншот во Битола и конечната разврска во битката за Шампион на Македонија.

Во Скопје, Македонија 26.03.2023 година во салата Јане Сандански

Вардар 31 : 24 Пелистер

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...