Мојот омилен омаж на годината која изминува, често го “зло”употребувам за да изразам и по некој свој политички став.
Овој пат ќе бидам краток и јасен, ерата на тн западна колонизаторска цивилизација се ближи кон крајот. Дали да се радувам или тагувам е клучното прашање?
Да се радувам, бидејќи безмалку 5 вековни неправди можеби конечно ќе се исправат, а во тој контекст можеби и вистината за Македонија ќе исплива, или да тагувам над црната судбина на старата “курва”, без навреда кон сите чесни курви, а која по географска игра на нештата, би можела и нас да не вовлече во матната.
Нејсе, што издвоивме од настаните во изминатите 12 месеци:
ЈАНУАРИ
Јануари во знакот на ракометот. Македонија на светско! По незнам кој пат, сите останати сонуваат…
18.јануари 2025
Добиваме нови херои, Никуч, Фитиљ, Џуле и Жаре, Марко и Марко, Серафим и Мечка, Близнаците, Батакот, Томи и Џона, Велковски, Симба и Кизо, Галец и Тино.
24.јануари 2025
И ќе се присетам, кога рековме дека 2 топки го делеа Кире од бездната, со Швајцарија една и со Фарски другата, а сега со чиста совест ќе речам дека две топки му го одземаа Олимп, со Унагрија една и со Австрија втора. Помислувам само како ли ќе котиравме сега со тие две победи.
29.јануари 2025
Лазаров покажа дека со многу напорна работа, верба и наметнување победнички менталитет и самодоверба, кои ги има на претек, успеа да направи систем кој функционира
ФЕВРУАРИ
Месецот кој помина во знакот на Првата Ракометна Панел Дискусија, Ракометот спорт број 1? и изборот на нов претседател на РФМ.
26.февруари 2025
Во понеделникот 24 февруари, во Скопје ја организравме првата Панел дискусија од ваков формат.
28.февруари 2025
Со одржување на денешното изборно собрание за претседател и ново раководство на ракометната федерација на Македонија, и официјално завршува една ера од раководењето со најуспешната спортска федерација во државата, од страна на голем стопанственик и вљубеник во ракометот.
МАРТ
Месец кој ја зави Македонија во црно.
12.март 2025
По подолго време, атмосферата делува не загадено, во зелено сме, изигравме одлично светско, со малку помалку империјалистички неправди, но факт и со малку повеќе наше искуство, разврската можеше да биде драматично поинаква. Смената на генераци и во РФМ изведена стратешки и хируршки прецизно. Веќе не се грижиме за иднината како порано
17.март 2025
Катастрофа од размери кои Македонија ги нема доживеано од периодот на Фашистичкиот Грчки режим и уништувањето на Егејска Македонија, се случи во Кочани.
АПРИЛ
Забележителен напредок на РК Алкалоид и осврт кон женскиот ракомет.
15.април 2025
Просто, пратејќи ги состојбите во низа од неколку години, почнувајќи од најмалите категории до врвниот ракомет и настапите во Лигата на Шампиони, преку ЖРК Вардар, дојдов до заклучок дена нема надеж.
27.април 2025
Алкалоид е финалист на ЕХФ Европскиот куп, и против грчки АЕК ќе го брка првиот европски трофеј во својата кратка историја, а само четврти за мак ракометот.
МАЈ
Месец на одлуки и одлични натпревари
12.мај 2025
Се е добро кога добро ќе заврши – ќе кажеше супер популарниот Бата во култната „Викенд на мртовци“. Земјата на ракометот, Македонија, по 15-ти пат во низа е на големите собири, од континентален и глобален карактер
26.мај 2025
Синоќа во Скопје, главниот град на Македонија, Ѓаволот ја однесе шегата!
ЈУНИ
Јуни изобилуваше со ракометни возбудувања, издвојуваме
4.јуни 2025
Впечатокот од целокупниот викенд, безмалку многу добар. Присутни беа многу важни ликови за македонскиот ракомет, организацијата солидна, безбедносно пред се, без никакви недостатоци, така треба впрочем секогаш да биде. Публика безмалку доволно, но сепак мене ми недостасуваат повеќе маркетиншки активности.
12.јуни 2025
Се е добро кога добро ќе заврши – ќе кажеше супер популарниот Бата во култната „Викенд на мртовци“. Земјата на ракометот, Македонија, по 15-ти пат во низа е на големите собири, од континентален и глобален карактер.
