Кој и зошто ги буди демоните од минатото?

Фото Димитрие Чуповски

Синоќа во Скопје, главниот град на Македонија, Ѓаволот ја однесе шегата!

Иако ова требаше да биде колумна во која ќе се велича спортот, тоа нема да се случи. Просто, спортот беше избришан и на сцена стапи таканаречената политика.

Политика (од старогрчки, што дополнително дава тежина на настаните, πολιτικος, [politikós]: граѓанин, граѓански), е процес во кој група луѓе донесува заеднички одлуки.

Во навистина загреаната атмосфера, по информацијата дека атињаните несмеат да играат, телефоните зовреа, многу информации и многу коментари. Го издвојувам оној на Ѓоргоновски: Грците нема да дозволат пораз среде Скопје. Или во слободен превод,

Атина несмее повторно да биде прегазена од Македонците!

Многумина рекоа, но дали е ова можно? А јас просто се навраќам наназад, низ историјата, дали беше можно во 1913 година, безмилосно да ја распарчат Македонија, дали беше можно да ги палат нашите села и градови, дали беше можно да убиваат и стрелаат, дали беше можно десетици илјадници деца да прогонат, дали тоа беше етничко чистење, дали беше можно да ги сменат сите топоними сите имиња и сите презимиња, дали е нормално тоа што се случува изминативе стотина години врз Македонците во Егејска Македонија???

Дали е нормално таа толку фалена европа да го аминува сето ова злосторство …

Во напливот на емоции, сите ние синоќа очекувавме, службена победа, иако радоста на играта и победата на теренот ќе ни беше одземена, и титулата да остане во Скопје.

Утрово, кога притисокот веќе се нормализира, шпекулирам, казна за организаторот, казна за Алкалоид, можност на зелена маса да му се додели титулата на грчкиот провокатор или во “најдобар случај” реприза на српското сценарио, натпревар во Казанџик!

Што можеме ние да направиме?

Ништо, како и досега, таа стара курва европа, ќе си го штити своето копиле и ќе пресуди се што е потребно. Верувам дека доколку се обиде во било кој сегмент РК Алкалоид или пак РФМ да негодува, протестира или да се жали, одговорот на дегенерираната ехф ќе биде жесток.

Нека биде што ќе биде, за мене Алаклоид, Лазаров и дечките се ШАМПИОНИ, ехф уште еднаш покажа дека е ригидна, неспособна и корумпирана институција, која е на пат да го уништи овој прекрасен спорт, а европа, на европа всушност и се прди за нас, одамна !

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...