Полни трибини повторно!

Фото Интернет

Изминаа неколку години во кој нашиот миленик, ракометот се мачеше.

Се чини дека тие години се зад нас. Имав впечаток дека и енергијата на трибините не беше иста. Имав дежа ву на неколку натпревари на кои играше Македонија, како да сум повторно на кошарка… нефокусирана публика, по некој извик лево десно, знаме чат пат, ни Х од хемија.

Повторно има треска за билети, се јавуваат луѓе, бараат билет повеќе. Трибините вечерва ќе крцкаат, ние комплетни, тие, словенците не баш. Ние киксиравме со Литванија, тие комотни.

По подолго време, атмосферата делува не загадено, во зелено сме, изигравме одлично светско, со малку помалку империјалистички неправди, но факт и со малку повеќе наше искуство, разврската можеше да биде драматично поинаква. Смената на генераци и во РФМ изведена стратешки и хируршки прецизно. Веќе не се грижиме за иднината како порано.

А на нас публиката малку ни треба, да влеземе вечер едногласни сите, да ги понесеме децата, да згризе Фитиљот, Бум Бум Марко да испорача, Никучо и Кизо да спуштат ролетна, да расфрла лево десно Мечка, се што има околу него, и ете ти, да падне дежелата. А нема да и биде прв пат.

Фото Интернет

Имаме интересна ситуација и околу делегирањето на судиите и околу коефициентите на кладилниците!

Прво, судии се босанските арбитри, личи како ЕХФ да не остава нас балканците сами да си се расправаме, очекував молдавска или литванска двојка во нивниот дух.

Второ коефициентите на страна на Македонија. По подолго време сме во фаворитска улога против репрезентација со подобар рејтинг.

Па да оправдаме, сите адути се во нашите раце, играме дома, Борис е распродаден, ние сме комплетни…

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА…

#одименаевропскосекако

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...