Фото Интернет
Болната тема за женскиот ракомет ја избегнував неколку години.
Просто, пратејќи ги состојбите во низа од неколку години, почнувајќи од најмалите категории до врвниот ракомет и настапите во Лигата на Шампиони, преку ЖРК Вардар, дојдов до заклучок дена нема надеж.
Клубовите во пост Самсоненко ерата, го спуштија нивото во сите сегменти. Прво буџетите, потоа организацијата, логистиката и на крај квалитетот на стручните штабови. Се се сведува на мала група на индивидуалци, ентузијасти кои не можат да живееат без ракомет.
За пример ќе го земам големиот ЖРК Вардар. Во експресен период од 1 година го допре дното. Спонзорот си замина во 2018 та година, со него и големите имиња. Вардар од тогаш до денес има изиграно само 4 европски натпревари. Два со Приштина и два, со еден анонимен холандски клуб, точка.
Големиот пак Кометал или Ѓорче Петров беше клубот кој со години ја одржуваше ракометна Македонија на светската мапа на ракометот. Сценариото беше напишано, повлекување на спонзорот Костовски и распад на клубот. Рака на срце Ѓорче со години се одржуваше во живот на апарати, да преживее и последниве неколку сезони повторно е на врвот. Тие во последниве три сезони повторно се во европските купови но со прескромни резултати.
ЖРК Металург дише на шкрги. По мистериозното повлекување на уште еден мецена од Македонскиот ракомет, Јорданов, Металург потона во долгови и во неизвесност. Металург постои, во едно ново издание денес. Настапија во третиот по квалитет куп.
ЖРК Куманово е приказна која пак е поразлична од овие спонзорскиве, и во континуитет успева да со одржи во живот, да скубне по некоја титула но никако да исчекори. Нивните настапи во Европа се сведени на понекое учество во Челинџ куп, без било каков успех.
Овие 4 екипи се екипите кои се во врвот на таканаречениот Македонски женски ракомет. Освен екипата на Вардар, останатите немаат свои веб страници. Коминуцираат на социјалните медиуми и од прилика тоа е се.
Сите работат со младински категории, бројот на девојки кои се активни не е мал, но квалитетот на младинските лиги е навистина низок.
Успехот на репрезентациите е во тесна спрега со состојбите во клубовите, или поинаку кажано, бидејќи клубовите се производните капацитети, производот го создаваат тие. Какви клубови, такви играчи, какви играчи таква репрезентација!
Изминати се 13-14 години од моментот кога резултатите изгледаа вака, Македонија 24:21 Шпанија, Македонија 30:27 Франција. Дали е можно и како да се вратиме на тие позиции?
Ајде малку низ бројки!
Македонската женска СУПЕР Лига брои 13 клуба, младинската 4, недостасуваат 9, кадетска 12, недостасува 1 и пионерската 10, недостасуваат 2.
Евидентно е дека клубовите не се конзистентни во работата со млади категории. Ако младинскиот погон треба да создава првотимци, прашање е како овие 9 кои немаат младинска селекција ќе регрутираат играчи?
Бројот на регистрирани ракометарки изнесува 2090. Или по категории, Супер лига, 1050, младинска 200, кадетска 720 и пионерска 930. И тука фрапантни податоци, испаѓа дека во Супер лига секој екипа има по просек 80 ракометарки, во младинска просекот е 50, во кадетска 60 а кај пионерките 93 ???
Следна констатација која се наметнува како факт, како девојките растат, бројот на откажувања расте. Ако во пионерската категорија имаме безмалку 1000 ракометарки а во младинска 200, фрапантно е дека 4/5 или 80% од девојките се откажале !!!
Првите тимови се исто така мистерија. Договор од 1000 денари месечна стипендија не е нешто изненадувачко и во најдобрите клубови!!!
Односот на некогашниот ваучер, мажи жени е 7:1, во корист на мажите!!! Дали е сеуште така навистина незнам, но и тука детектирам голем проблем.
Предлагам низа на мерки за санација на штетите!
- Поделба на две лиги. Прва која ќе има 6-8 квалитетни клубови и остатокот кој ќе игра во Втора лига, во согласност со буџетите, квалитетите, амбициите и вложениот труд.
- Израмнување на машкиот со женскиот ваучер (полесно ми е така да се изјаснам).
- Специјална државна помош, по урнек на машкиот ракомет, за екипите кои ќе излезат на меѓународна сцена.
- Услов секој прволигашки тим да има 3 младински селекции! Девојките да не прескокнуваат селекции и да го изодат патот комплетно.
- Формирање на широки (25-30 играчи) младински селекции, пионери, кадети и младинци.
- Изработка на систем на тренинзи за основни елементи од ракометната игра, прием, подавање, став, скок шут, финта и таканатаму и Организација на ракометни кампови зимски и летен со цел пренесување на овие знаења на најмладите ракометарки.
- Мерки за ослободување од дополнителни давачки за компаниите и индивидулаците кои би спонзорирале клубови.
- НАТУРАЛИЗИРАЊЕ, како мерка која во минатото ни донела многу бенефит
Можеби допирам до некоја клучн атема можеби не?! Оставам простор за коментари и сугестии, а најавувам посебна сесија на Втората Ракометна Панел Дискусија исклучиво за женскиот ракомет.