Вујовиќ: сите во сала !

На денешната прес конференција во просториите на СЦ Јане Сандански, во пресрет на второто коло од ЕХФ Лигата на Шампиони, присуствуваа тренерот Веселин Вујовиќ и капитенот Столе Стоилов.

Вујо беше прилично концизен и јасен. Вардар сеуште не е во формата која тој ја посакува. Причините се неколку, многу нови играчи, неколку повреди, неуспехот во пронаоѓање среден бек и секако неочекуваниот трансфер на Гурбиндо и браќата Њокас. На тоа го надодаде и згуснатиот распоред со натпреварите во македонското првенство и лигата на шампиони.

Тој потенцира дека Мешков долго време е стабилен клуб, кој инвестира во играчи но и во тренери. Клуб кој постепено ја крева формата. Како слабост нотира дека и тие имаат проблем со неколку но клучни ракометари, но исто така и дека не е јасно со каков состав ќе допатуваат гостите.

На прашањето која е предноста на Вардар во оваа фаза, едноставно одговори Одбраната ! Вардар ќе игра жестока одбрана и ќе се обиде да го намали бројот на постигнати голови на натпреварот. Вујо меѓу редови ја истакна одличната форма на вардаровото засилување, македонскиот репрезентативец Мартин Томовски.

На крајот и тренерот и капитенот ја повикаа публиката и комитите, согласно протоколите да дојдат во колку може поголем број.

Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест се игра в среда, на 22.09.2021 во СЦ Јане Сандански со почеток во 20:45 часот.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...