Kил повторно во Скопје.

Во пресрет на гостувањето во Скопје, на еден од најголемите европски ракометни клубови, Кил, тренерот Вујовиќ изрази благ оптимизам и верба во својата екипа. Тој кажа дека клубот многу научил од изминатите два порази од Монпеље и Олбор и дека е подготвен да се соочи со величина како Кил.

ТИМ

THW Kiel е ракометен клуб од Кил, Германија. Во моментов тие се натпреваруваат во Ракометната-Бундеслига и се рекордери по освоени шампионски титули, 22.

2007 и 2012 беа најуспешните години во историјата на клубот, бидејќи THW Kiel ја освојуваше тројната круна, освојувајќи ја домашната лига, домашниот куп и Лигата на шампионите на ЕХФ. Во 2012 година, тимот победи на сите првенствени натпревари, прв таков успех во кој било германски тимски спортови од врвниот калибар.

Тие исто така ја завршија сезоната 2019-20 како победници на Лигата на шампионите на ЕХФ во едни коронарни пoмалку чудни услови.

Тимот помалку изненадувачки но веќе трета година и тоа исклучително успешно го води играчката легенда Филип Јиха. За нас уште еден интересен “matchup” помеѓу свежиот Јиха и нашиот исклучително искусен Вујовиќ.

ИГРА

Кил е типичен претставник на германскиот врвен ракомет. Играат силно темпо, жестока одбрана и секогаш имаат многу решенија и во нападот и во одбраната. Сезонава ја стартуваа одлично но последниве недели малку се мачат поради одредена замореност и повреди на играчите. Клучни играчи во одбраната се Дувњак, Пекелер, Хорак и крвникот Винчек а во нападот скандинавците Рајкинд, Сагосен и Екберг. Како додадена вредност секако и ландин на голот.

ИГРАЧИ

Тимот е составен од врвни играчи. 9 германци и 9 странци. Од странците Дувњак, Зарабец, Ландин, Ландин малиот, Хорак, Екберг, Билик, Раинкинд и Сагосен, навистина е тешко да се издвои некој. Од домашните секако Винчек со задоволство го очекуваме, но несмее да се потценат ниту Квенштад, Пекелер и Вајнхолд. Низ годините во Кил настапувале плејада на врвни ракометни имиња од кои ги издвојувам Штефан Олсон, Заитц, Карабатиќ, Омејер, Кањелас…

ТРАДИЦИЈА

Традицијата е апсолутно на страната на Кил и резултатот е 7-2 за германците. Еден пораз е од Супер Глоуб, сите останати натпревари се од Лигата на шампиони. Тука издвојуваме дека Вардар го победи Кил во далечната 2002 во Скопје и најважната победа во Германија во 2018 година.

ТЕРЕН

И покрај поразот од Монпеље, публиката ги награди со громогласно навивање и подршка играчите на Вардар. За германците никогаш не било проблем да победат во Скопје и против Вардар и против Металург, но сепак кој може да биде имун ако Вардар игра добро а Јане еруптира.

СУДИИ

Швајцарска судиска двојка, за жал без балкански гени. Но, на наша радост еден од двајцата сега веќе врвни светски судии се вика Мурат Салах.

МОТИВ

Германските ракометни екипи знаат понекогаш во европските натпревари да калкулираат. Но тие се германски машини. Вардарци по двата порази и не така лошите изданија за кои и не добија посериозни критики, сакаат да се вратат на победнички патеки. Оваа група на играчи по емоциите со Мешков и Олбор во Скопје, силно ќе биде мотивирана за победа.

ШТО ТРЕБА ВАРДАР ДА НАПРАВИ

  1. Да не прави технички грешки
  2. Да не му дозволи на крвникот Винчек да биде во главна улога
  3. Да напаѓа стрпливо до сигурна позиција

ЦЕЛ ЖИВОТ ЕДНА ЉУБОВ !

Виктор Христоски

Среда 27.10.2021 СЦ Јане Сандански Скопје Македонија 20.45 часот

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...