Фото РК Еурофарм Пелистер
Дека натпреварот во предвечерието на големиот Македонски празник, помеѓу Пелистер и Вардар беше Дерби немаме сомнеж. Но дека беше исклучително различно од сите досегашни Дерби дуели имавме многу показатели.
Да почнеме со ред.
Вардар се пожали на болест, побара одложување, Пелистер не прифати, но ги повика навивачите да не наседнуваат на провокации, заигра помошникот тренер, башка доби и подарок Линекс, навивачите на Пелистер несреќни по победата.
Ова навистина беше необично Дерби.
Спортски или неспортски, фер или нефер, според правилникот на РФМ или не, натпреварот се одигра.
Вардарци навидум дојдоа неподготвени. Неколкумина неспремни, повредени или болни, првиот Македонски самурај на браникот на својата чест и татковина, па Вардар истрча со едвај 14 ракометари меѓу кои и Стоилов.
Пелистерци ја искористи ситуацијата и максимално подготвени влегоа во натпреварот. Повторно со шарен ростер. Подоцна во реакциите и коментарите сретнавме дека ем шарен ем неискористен. Тргна моќно и незапирливо, и дури да се свестат навивачите и вардаровите играчи на семафорот стоеше 7-1 !
Најслаткиот сон на секој Битолски спортски навивач. Во тие моменти делуваше дека сезоната и покрај лошиот старт дома и очајниот перформанс во Лигата на Шампионите, иако рака на срце таму покажаа знаци на живот, е спасена. Притисокок врза Ацо и Шундо заборавен, нивната кариера на клупата продолжена. Манекените конечно го заслужија зелениот дрес, а чаршијата слатко со денови ќе раскажува за демонтирањето на црвено-црните.
Во најтешкиот момент за Вардар, во Пелистер како привиденија се појавија и Тајник, чија фризура веќе со недели неможам да ја разберам, но и Калифа кој со Вардар ја освои Лигата на Шампионите. Пелистер газеше, Вардар очајно се обидуваше да ја одржува главата над водата.
Што се случи кон краојот на второто полувреме?
Јовиќ и Шундовски матно ротираат, го вадат најдобриот Костески го ставаат Радивојевиќ, кој со недели наназад покажува дека освен што има атрактивен имиџ е чисто промашување ракометно, Кисум и Тајник играат без престан, Танковски и Ѓорговски анкерисани на клупа, ако добро паметам во друштво на Пешевски, Вардар очајнички без престан игра 7 на 6, на еден тајм аут Недановски го буди Јагуриновски, следат 3 асистенции до Лазаревски и еден гол, се буди и Томовски на голот, зелените имаат 3 напади за +10 и не успеваат, во 27 та минута сепак сеуште имаат високи +8, 29-21, следи кошмарот, серија од 4-0, со гол во последните секунди и молк.
Една од подолгите реченици, за која сум сосема сигурен дека е граматички некоректна, но во духот на Во еден здив, чувствувам дека го фатив крајот.
Пирова победа на Пелистер.
Факт е дека овој натпревар од ракурсот на борбата за титула незначи безмалку ништо, но сепак еден бод разлика во крајната слика може и доста да измени.
Поголем е колатералниот ефектот во двата табора. Во Битолскиот се зголеми антагонизмот кон, пред се стручниот штаб, иако истиот тој лани им ја донесе долгочеканата титула, но и кон некои играчи. Чкембари се уморни од странски аквизииции кои не гинат на теренот и кои без тронка одговорност шутираат во последните мигови. Од друга страна пак Вардарци го зацврстуваат карактерот на тим кој никогаш не се предава, со овој или оној ростер со публика или без.
Дерби кое во голем дел беше игра на мачка и глушец а се претвори во тектонски потрес.
Последиците и санирањето на штетите го очекуваме во наредниве денови.
Вредно да напоменам дека, иако одсекогаш биле страстна публика, со аплаузот со кој го испратија својот Немезис на крајот на натпреварот, Битолчани покажаа дека се нај публика, (покрај Скопската) не само на Балканот ами и пошироко.
За крај и потсетување на прогнозите од последниот подкаст, каде Аце беше на милиметар од Џек Пот.