Кој е новиот шампион на Македонија?

Ова скопско саботно попладне не го даде одговорот.

Скопската публика, научена на победи прилично изненадена од денешниот амбиент. Битолчани пак, со огромна доза на самодоверба, донесоа многу различна енергија во Јане.

Да одиме по ред.

Моментот со бесплатен влез сеуште енигма за сите, најмногу за оние верните кои на почетокот на сезоната авансно платија сезонски, како знак на подршка кон клубот, а за возврат очекуваа малку повеќе внимание. За споредба клубови од ранг понизок продаваат успешно билети за дерби а парите одат во развојни фондови.

Организациски, од аспект на безбедност понижувачки. Едвам дваесетина полицајци ги пречекаа вжештените Чкембари на трибината. Во тој момент кога и овие и оние другите кои патем славеа јубилеј, 35 години, Комити, сватија дека немаат пречка почна срамот. Столици летаа на сите страни, шишиња, монети, по некој профил и кој се знае уште што. Најдебелиот крај го изедоа гостите во ложата кон кој полетаа и пиротехнички средства, потоа една мала група мирни навивачи во зелени тренерки.

СРАМОТА, и за едните и за другите. Главен виновник домаќинот и полицијата. Ах да а оние силните редари кои на мечот со Елверум се нафрлија како гризли на верните навивачи вечерва ги немаше.

Доста за лошото. Всушност не, барам одговорност од организаторот од полицијата од двете навивачки групи. ДОСТА Е !

Натпреварот пак беше вистински. Одличен момент да ги пофалам арбитрите кои не потклекнаа на срамотните сцени на трибините и го водеа натпреварот во стилот на англиските арбитри, за хулиганите нема ниту место ниту внимание.

Пелистер за нијанјса, две подобар од Вардар. Или вака може разложено. За нив беше да се биде или не, а тоа очигледно беше одличен мотиватор. Играа поконцентрирано и во напад и во одбрана. Во нивниот говор на телото се читаше одлучност. Чкембарите од како ситуацијата беше ставена под контрола беа одлична подршка.

Се редеа не баш џентлменски пораки од двете навивачки групи но тоа во духот на ривалтсвото беше прифатливо. Комитите се обидуваа да ги кренат вардарци но кај нив денеска ништо не одеше.

Во дуелот на шпанскиот и балканскиот систем, овојпат овој вториов поуспешен. Ако во повеќе наврати го критикувавнме идниот агроном овојпат му признаваме, одлично го подготвил и тимот и натпреварот. Пелистер имаше многу повеќе расположени играчи. Па можеби селекторот на Македонија ќе треба да ја изгледа оваа партија на Марио Танковски. Мојот подзаспан фаворит за местото плеј во репрезентација, заедно со одличниот Кизиќ на голот ја направија разликата вечерва.

Од друга страна, иако работите како што рече капитенот одат во нагорна линија, сепак се чувствуваше некој недостаток. Неговата нервоза и фрустрација на крајот беше наградена со црвен картон. Момент кој исто така останува забележан е последниот напад на Вардар, за нерешено, во кој ама баш немаше ниту компас ниту кормило, ниту ливче за тајмаут.

Ако ги заборавам првите срамотни сцени, а тешко ќе биде, гледавме едно навистина одлично дерби во кое победи подобриот, а на 5 ти на Широк сокак сепак јас ќе честам пиво.

26.03.2022 Скопје Македонија

Најдобрата лига на Балканот

Вардар 23 Пелистер 24

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...