МАКЕДОНИЈА !

Македонија се гордее со својата ракометна репрезентација. Не постои друг амбасадор, недајбоже од политиката кој успеал толку често и на толку високо и репрезентативно ниво да ја претсавува Македонија во европа и светот.

Ракометарите се од сојот ретки вистински амбасадори на Македонија.

Македонија својот прв настап го има на третото Европско првенство во Италија 1998, откако за прв пат доби право за квалификации во 1995 година, но неуспеа да избори пласман за европското во 1996 година.  Првото учесто го завршивме на последнот место со едно реми и 5 порази. На чело на Македонија беше Ванчо Јовановски а интересно дека во битката за 11 место изгубивме од Италија предводена од никој друг но Лино Червар.

Следеа години на апстиненција се до епското европско во Србија и највисокоит пласман досега 5 место. Македонија беше предводена од Звонко Шундовски на клупата и од Кирил Лазаров како најдобар стрелец, епски се натпреварите во Ниш како и дербито со Данска во Белград пред 17.000 публика и со Србија пред 24.000 публика.

Од тогаш сме во континуитет присутни, но во еден пад од аспект на резултатите па така во 2014 во Данска под водство на Обрван сме 10 ти, 2016 во Полска исто со Обрван 11 ти исто како и 2018 во Хрватска кога под водство на Раул Гонзалес имавме страшен старт но потоа следеше потоп.

На последното одиграно во 2020 под Брестовац неуспеавме да ја минеме ниту групата. Конечно 15 то место и единствена утеха беше дека сме веднаш зад величини како  Данска и Франција  кои беа 13 и 14 место.

Македонија нема статистика за фалење, има одиграно вкупно 33 натпревари и има само 7 победи, 6 нерешени и дури 20 порази, гол разликата е 815 дадени и 904 примени голови.

Но интересно е дека во дури 20 натпревари разликата не била поголема од 2 голови разлика или едноставно сме биле за нијанса подобри или за нијанса послаби, во останатите натпревари по некое наше правило сме губеле со дебела разлика 6,7-10 или 11 разлика.

За Македонија досега настапувале вкупно 44 ракометари, и ако го изземеме она првото во 1998 та во ерата од 2012 па се до почетокот на ова првенство само 33 ракометари имале чест привилегија да ја претставуваат Македонија, Најмногу по 5 пати Лазаров, Стоилов, Манасков и Ристовски. Куриозитет е дека во тимот по рекорден 6 пат ќе бидат Лазаров и Стоилов, за жал не и Манасков а по 5 ти ќе се појават Миркуловски и Ѓеоргиевски.

Погледнете ги нашите размислувања!

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...