Струга версус Добој

Фото Точка

Зошто во Добој гостува Барселона а во Струга Панчево?
Искрено не сум бил ни во Панчево ни во Барселона но разликата е значајна.


Да почнам најпрво од пресот, иако уредно најавен со поканети десетици редакции во АМС на 8 кат, никако неможеше да почне. Столчиња недоволно, како да знаеле дека едвам 2-3 новинари ќе присуствуваат и тоа дел од МТВ дел од 24, по дефолт дојдени како медиумски партнери.
Топло како што прилега на летна прес конференција, без вода, без клима, без ниту едно обележје од турнирот но и без домаќин и без елементарен протокол.
Си отидовме горди на трпението но тажни од непочитувањето.
Факт е дека и да останевме ќе немаше што да чуеме. Сите учесници, сем водителот прилично се мачеа со речениците, најавата тажна.


Првите кадри од Струга исто тажни, слика има тон нема, а кајрон и графика во северна одамна е научна фантазија.


Мудрите учат на грешките, но иако лани турнирот беше прекинат и народски кажано пукна брука поради лошиот под, годинава нормално турнирот стартуваше на истиот лизгав и опасен под, традицијата е важна работа!

Не поминаа многу секунди а веќе имавме впечаток дека отвореното ракометно е всушност лизгалиштето ?!

Зошто најдобрите судии на светот судат во Добој а не во Струга?
Зошто во Добој има програма а во Струга нема ни дечиња за бришење под?
Зошто паднавме толку ниско?
Зошто се интонира химната на Нашата земја? Зошто не на Република Македонија ?
Зошто свеченото отварање помина со еден кловн по куси пантолончиња со четврт неповрзана реченица?
Зошто ли паднавме толку ниско ???

А во Добој нашиот Давид Дејвис плус Ортега држат предавања за тренерската фела на БИХ. Македонија беше со епитетот најракометна земја ?

Зошто Добој има а Струга нема веб страница?

Разочарувањето го завршувам со уште една дегутантна слика. Во тн свечен ред, на спортска манифестација уредно поставени пепелници, каде дел од поранешните ракометни икони и патриоти, даваа пример на помладите интензивно користејќи ги !

Зошто ли паднавме толку ниско?

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...