Пелистер загуби од Татран.
Помалку очекуван пораз за Еурофарм Пелистер, имајќи ја предвид атмосферата во која се после трите порази од Магдебург и Вардар. Како емотивно да се истрошија, ја изгубија енергијата и острината. Рака на срце, овој пораз безмалку е и безначаен, но сепак вечерва гледавме екипа која е далеку од потенцијалот и карактерот кој всушност Еурофарм Пелистер го поседува.
Во еден слаб по квалитет натпревар, во кој главно поради слабата игра на македонците во одбрана и слабата реализација во нападот, а не поради исклучителниот квалитет на Татран, домаќините дојдоа до победа.
Кај домаќините кои составиле една прилично егзотична екипа со кубанци, португалци и талијан, наградата за најдобра маска сепак оди кај мојот долгогодишен пријател Оливер Рабек. Тој доминираше во повеќе категории, најмногу шутеви и најмногу голови, но она кое секој ракометен сладокусец неможе да не го забележи беше неговиот стајлинг.
03.04.2021
СЕХА ЛИГА
Татран 32 Пелистер 28