Македонија на -11

Потешка задача да се напише коментар за еден љубител, навивач непостои од таа кога неговите изгубиле. Можеби фактот дека изгубивме од навистина поквалитетна екипа е одличен изговор за почеток. Но одамна спортот не е само впечаток, туку и сосема многу наука. Една од научните гранки многу ползувана во спортот е статистиката.

Па ајде заедно да ја погледнеме. Ќе ги бележиме само бројките на две категории, иако статистиката опфаќа многу повеќе аспекти, прво домаќините потоа Македонија.

Шутеви 44-37, Процент на реализација 73%-56%

Одбрани 9-4, Процент на одбрани 29%-11%.

Веќе е јасно дека не сме имале ниту теоретски шанси. Иако почетокот на натпреварот во едно споро темпо и игра до последна секунда ни делуваше прилично пристојно. Романките во нападот беа успешни но не беа растрчани и полетни. Додека пак ние бевме исклучително трпеливи и успевавме да пронајдеме ситуација за шут најчесто наградена со пенал. Тука ми е првата забелешка за селекторот околу измената на Ристовска после 3 од 4 како пеналџија. Кога романките го подигнаа притисокот следеше сценарио мува без глава. За жал втората забелешка на адреса на селекторот е повикување на тајмаут на -6, против Романија. Прекасно !

Во моментите кога романките ја постигнаа целта и се одвоиа, играчите од сенка во македонската екипа, Моника Јаневска и Симона Стојковска внесоа свежина и идеја, но и реализација. Моника 5 од 5, Симона 5 од 6, на крајот. Успеаа да го подигнат нивото и да се доближат во еден момент на -3 и напад за -2. Тука е следната забелешка за селекторот, момент кога требаше да повика тајмаут и да се обиде да најде модус како да не пукнеме. Но, искусните романки повторно го кренаа темпото, нашите девојки почнаа се почесто да грешат, а селекторот повика тајмаут овојпат на -8.

Жалам што ЕХФ е очајна во статистиката на изгубени топки или технички грешки и ветувам дека одсега ќе бележам. Повеќе од очигледно беше дека имаме премногу. Лош ден и за нашата Елена која беше со очаен шут 0 од 6. А во лошата статистика и двете млади голманки Матеа и Јована.

Позитивни моменти има повеќе, на лицата на девојките се гледаше дека не се плашат или дека премногу го преценуваат противникот, одбранат не изгледаше лошо, сепак Неагу постигнува двоцифрен број на погодоци и против многу посилни екипи од нашата. Во нападот видовме интересни решенија, а Јаневска се издвојува овојпат во севкуопната оценка.

Преостанува реваншот, иако без теоретски шанси за пласман, можеби со една пострплива игра до подобар резултат.

Со срце за Македонија

17.04.2021 Букурешт Романија

Бараж за Светско Првенство

Романија 33 Македонија 22

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...