Најдолгиот пат

Март 1903. Османлиската империја е во фаза на распаѓање. Само Македонија сè уште не е ослободена на Балканот. Македонското револуционерно движење е во полн раст. Турците се обидуваат да го задржат последниот бастион во Европа. Македонскиот народ е изложен на најтешките угнетувања, што се должи на одмаздата на Турците за поддршка и заштита на комитите - македонски борци за слобода. Повеќе од двесте луѓе се заробени, а казната е затвор од 15 до 101 година. Затворениците се товарат на брод и се превезуваат во Мала Азија. На пат низ пустината, Македонците се изложени на разни понижувања. Многу од нив умираат. Во октомври 1908 година, преживеаните пристигнуваат на местото каде што треба да ја издржат казната. Ова е накратко приказната на ремек делото, Најдолгиот Пат од 1976 год, во режија на генијалниот Бранко Гапо.

Април 2021. Заврши најдолгиот пат за Вардар во Лигата на Шампионите. 

Што на крајот можеме да заклучиме?
Вардар со исклучок на сега веќе сензационалната победа против Флензбург не прикажа ништо квалитетно. Одигра низа нервозни и неквалитетни натпревари, во кои што не успеа да постави систем и да прикаже пред се желба за победа. Одбраната беше една од најлошите, не одбраната беше најлоша откако Вардар настапува во Лигата на Шампионите, а нападот со повремени блесоци беше прилично некреативен, читлив и безопасен.
Стручниот штаб и немоќен и несозреан за предизвикот, често без компас, а неретко и без контрола ниту на играта ниту на играчите ниту на бројот на играчи на терен. Остана и без тренер за голмани што дополнително ја расипа и така лошата крвна слика. 

Да поминеме набрзина преку ростерот.
Лево крило, Дибиров неспорен квалитет, последните информации говорат дека го продолжил договорот. Одлично за Вардар, од кој очекуваме, како што и Михајловски најави, повторно да биде силен. Димитриоски ретко добиваше шанса и впечаток е дека и не ја искористуваше. Вардар е во преговори за уште едно крило.
Десно крило. Како никогаш досега, како што би рекол Тошката, се изнаигра и си напраи ќеиф. Капа доле за него и неговата генијалност, многу ќе недостига. Гоце Ѓеоргиевски, на моменти покажа дека е врвно крило, со надеж дека како ќе се подига формата и духот на тимот и неговиот придонес ќе биде поголем.
Пивот. Стоилов најнерозен откако го помниме, очекувам капитенската лента во новата сезона да ја носи со поголема стрпливост. Исклучителен играч со исклучително влијание и за тимот и за противниците. Валчак е од редот на оние кои не добија шанса до крај, но со потенцијал во двата правци. Калараш еден од најшармантните ликови, кога че добие тимот повеќе на структура и неговиот придонес ќе биде посмислен.
Голман. Ристовски на моменти блескав, пречесто нервозен. Ако остане и ги менторира Кизиќ, Кантегрел и Томовски, тогаш и министерството за одбрана може да добие физиономија. Кантегрел и Кизиќ повеќе не ги гледавме, па тешко е нешто да се извлече како заклучок.
Лев Бек. Талески комплетно разочара, Шеваљевиќ се вклопи во сивилото и по учинок и по залагање. За големиот борец Дисингер сезона во која ја играше улогата на изгубениот германец. 
Среден и Јотиќ и Гаџа во вториот дел од сезоната покажаа дека имаат штоф. Сепак очигледно со нив ќе треба некој посериозно да поработи.
Десен бек. Најлошата позиција, осетливиот Вујин си отиде, а Јагуриновски и Векиќ се далеку од прва постава. 

Останува за Вардар да ја потврди шампионската титула во домашното првенство, да се обиде да го осветли образот во СЕХА и да направи едно програмско и системско преинсталирање, бидејќи ако вакцините донесат пресврт во борбата со короната, од есен трибините нема да бидат празни, а комитите го исполнат Јане, тогаш ...

 

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...