Издвојуваме 5 за нас најинтересни натпревари во неделава што предстои. Aкцентот на домашните првенства со дуели и во македонската машка и женска супер лига. Но и два многу важни европски натпревари за Пелистер и ЖРК Вардар.
10.11.2021 19.00 ч Бутел Металург Супер Лига
Одамна немало ситуација во која секој натпревар на Металург го очекуваме со нетрпение за да видиме како се држат “Останатите”. По победата над Охрид веќе никој не ги отпишува. Бутел е во врвот и очекувам одличен дуел.
11.11.2021 18.00 ч Еурофарм Пелистер Тинекс Пролет Супер Лига
Пелистер е лидер на табелата. Вакво нешто одамна не сме виделе. Пролет е високо и секако е еден од ретките кој може да се закани.
13.11.2021 20.45 ч ЖРК Вардар Јуро ЕХФ Европски Куп
Натпревар значаен, бидејќи конечно македонски женски клуб напредува, без разлика на минорноста на натпреварувањето и тежината на противниците. По бездната после Самсоненко, секое искачено скалило е успех!
16.11.2021 18.45 ч АЕК Еурофарм Пелистер ЕХФ Европска Лига
Да се биде или не? Пелистер на гости кај јужните кои сонуваа за ракомет а сега котираат високо . Бабиќу, Пелистер мора да победи!
17.11.2021 16.00ч ЖРК Металург ЖРК Вардар Македонска Супер Лига
Металург и Вардар одамна ја немаат ударната снага како некогаш. Радува дека има доста кадетки и младинки кои се носители на играта. За повисоки дострели требаат реформи во Лигата и Клубовите. За мене интересен и од аспект на една млада и упорна голманка, силно мотивирана да настапи на овој дуел !