Краток историјат на европските првенства

Верувале или не но ЕХФ нам добро познатата по еден навивачки слоган е формирана не така далеку во 1991 година, година за нас Македонците од исклучително значење или година на третиот неформален Илинден.

Оттука можеби и голем број сличности помеѓу Македонија и ЕХФ. Нејсе сега ќе зборуваме САМО за РАКОМЕТ.

Во 1994 година беше одржано првото Европско Првенство, во Португалија со учество на 12 екипи а шампион беше Шведска. Интересно е дека овој формат издржал само 4 првенства, потоа следи период во кој учествуваат по 16 репрезентации, 9 пати  и тоа од првенството во 2002 во Шведска до првенството во 2018 во Хрватска.

Првенството во 2020 година е посебно по две нешта. За прва пат се натпреваруваат 24 репрезентации и за прв пат се организира со повеќе домаќини, Австрија Норвешка и Шведска.

Најмногу медали имаат Шпанците, 8 но само 2 златни и дури 4 сребрени, Следи Данска и Хрватска со по 6, но Данска со 2 злата и 1 сребро, а Хрватска со 3 сребра и 3 бронзи. Потоа се Шведска и Франција со по 5, но Шведска е најуспешна со тоа што има дури 4 златни.

Во распределбата на медалите учествувале вкупно 12 земји меѓу кои е и Југославија со 1 бронза, Србија, Словенија, Исланд, Русија, Норвешка и Германија

Тука некако завршува европскиот крем.

Македонија засега е далеку но нема сила која ќе не запре да сонуваме.

Колку сме далеку од освојување на медал ?

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...